населба
Вапавска Краста — археолошко наоѓалиште во дебарското село Голем Папрадник. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на височинка што доминира над висорамнинката на Жупа, каде се гледаат остатоци од фортификација која го штитела патот што водел за Коџаџиско Кале. Во 1980 година, при изградбата на патот Жупа-Коџаџик, во подножјето на Вапавска Краста бил откриен дел од мозаичен под со геометриски мотиви, изведен во опус тессалатум.[1]