Цутина — археолошко наоѓалиште во дебарското село Мал Папрадник. Претставува населба и некропола од средниот век. Се наоѓа на растојание од околу 2 км југозападно од селото, на десниот брег на Вапавска Река, каде се среќаваат грамади од градежен материјал: кршен камен, покривни ќерамиди, тули и др. Околу грамадите има покривни плочи од гробни конструкции со насоченост исток-запад.[1]
Поврзано
Наводи