крај на април/почеток на мај, 1944 година Егејска Македонија Бил ранет на 28 април 1944 година во судир со германската војска на планината Бигла, па пренесен во Егејска Македонија, каде подлегнал на последиците и починал.
Потекнувал од многучлено земјоделско семејство. По завршување на основното образование во своето родно село, нижата гимназија во Кавадарци, своето гимназиско образование го оформил во Крагуевац. Непосредно пред Втората светска војна се запишал на Земјоделскиот факултет во Земун, а по отпочнувањето на војната се префрлил на истиот факултет во Софија. Под обвинение дека ширел револуционери идеи сред студентите бил исклучен од факултетот во 1942 година. Веднаш по враќањето во своето село се вклучил во редовите на револуционерното движење, а веднаш потоа се илегализирал. По масакрот во Ваташа наместо да се исплашат од крвавиот злочин (по убиството на младинците) уште петмина ваташани стапиле во редовите на одредот „Добри Даскалов” и тоа: Ката Видикова-Ружа, Блажо Чекоров-Ѓуро, Методи Џунов-Џико, Блаже Џунов-Млаѓо, Гичо Еленов и други.[4] Учествувал во сите борбени акции на одредот. Во септември истата година се приклучил во баталјонот „Страшо Пинџур”, а од декември 1943 година станал борец во Втората македонска ударна бригада.[2][3]
На 22 декември1943 година бил избран за делегат од Тиквешијата и учествувал на првиот конгрес на НОМСМ во Фуштани, Егејска Македонија, на кој е избран за член на Главниот одбор на младината на Македонија. На 28 април 1944 година во судир со германската војска на планината Бигла, бил тешко ранет и бил пренесен на грчка територија (Егејска Македонија) во една партизанска болница на лекување. Здобиените рани биле многу тешки и Блаже по некое време им подлегнал на повредите.[2][3]