Бело Поле — археолошко наоѓалиште во тетовското село Желино. Претставува населба од неолитското и римското време и средниот век.[1] Се наоѓа северозападно од селото, на десниот брег на реката Вардар, каде на висока доминантна тераса се наоѓа множество фрагменти од неолитски керамички садови, орудија од камен и кремен и во помала мера фрагменти од керамички садови и питоси од римското време и средниот век.
Поврзано
- Градиште — населба од бронзено и доцноантичко време
- Грамаѓе — населба од доцноантичко време
Наводи
Археолошки наоѓалишта во Општина Желино |
---|
| | | |
---|
| |
|