Базилика „3 Септември“ (грчки: Βασιλική 3ης Σεπτεμβρίου) — ранохристијанска базилика во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.
Базиликата се наоѓа на улицата „3 септември“. Градбата е откопана само делумно, а остатокот е под зградата на Меѓународниот саем. Претставува трикорабна базилика. Откопаните монети ја датираат во периодот од 380 до 450 г. Опстанала сè до VII век, кога е срушена во варварските наезди. Црквата е поврзана со соседниот мартириум на Александар од Пидна. Во неа има и киклион — полукружен ходник под жртвеникот со мермерни украси по подот и ѕидовите, поврзан со култот кон мачениците. Точно под олтарот се откриени мермерна урна и кивор со сребрен натпис.[1]
Поврзано
Наводи