Се наоѓа е во мала градина меѓу улиците „Иктин“ на северозапад, „Макензи Кинг“, која ја двои од „Св. Софија“ на север и „Павлос Мелас“ на исток.[1] Старите остатоци се под уличното ниво, на нивото на „Св. Софија“ и „Пресв. Богородица Казанџиска“.[2] Зачуваниот базен првично бил дел од антички нимфеум (храм на нимфите). Христијанската крстилница веројатно е постара од „Св. Софија“. На еден од столбовите е всечен крст.[2] Катакомбниот систем и откриен во 1892 г. и се состои од ходници и две подземни простории, од кои едната со мал извор. Во средината на дворот се остатоците од византиската црква, која многу личи на ротондата „Св. Ѓорѓи“, но помала. Тааа црква пак, е изградена врз рушевините на антички храм.[1] Во 1932 г. се извршени ископувања, кога било решено таму да се подигне зграда. Откривањето на антички остатоци ги запреле градежните работи.[2]
Денешната црква е добар пример за ускладување на денешната архитектура со античките остатоци — изградена е од стакло и зелен камен во 1990 г. врз помала црквичка од 1940 г.[2]