Африканско првенство во ракомет за мажи 2002 — 15-то Африканско првенство во ракомет за мажи кое се одржало во градот Рабат, Мароко во периодот од 19 април до 28 април. Вкупно учествувале 12 репрезентации. Тунис победил на турнирот.
Првенството од страна на Меѓународната ракометна федерација било прифатено како квалификациски турнир за Светското првенство кое се одржало во Португалија, во 2003 година[1].
Сите натпревари се одиграле по (UTC+2).