Ален Стевановиќ

Стевановиќ како играч во Торино

Ален Стевановиќ (роден на 7 јануари 1991 година, Швајцарија) е професионален српски фудбалер кој настапува како лево крило. Во моментов ги брани боите на клубот од првата лига на Србија, ФК ИМТ. Тој бил производ на младинската академија на Раднички од Обреновац. Ален Стевановиќ се прославил додека настапувал за составот на Торино. За српската репрезентација за прв пат настапил во 2012 година.

Почетокот на животот

Родителите на Ален Стевановиќ се разделиле набргу по неговото раѓање во Цирих. Тој никогаш не го запознал својот биолошки татко. Веднаш по разделбата, кога Ален имал само три месеци, мајка му го донела во местото Бечмен, СР Србија за да продолжи да живее со неговите баба и вујко,[1] додека таа се вратила да престојува во Швајцарија. Ален, не можел да стигне до мајка си во Цирих бидејќи не успеал да добие виза за престој и можел да ја види само еднаш во текот на годината. Неговиот дедо, кој работел и во Швајцарија и набрзо се вратил во Белград, починал една година подоцна на 58-годишна возраст. До сезоната 2004-2005 година, како што самиот изјавил, бил лут на својот живот и тоа во голема мера го попречило почетокот на неговата професионална фудбалска кариера.[2] Тој се оженил со Дуња на 17 февруари 2013 година и на 20 ноември 2013 година станал татко на неговото прво дете со име Нева.[3] На 27 јули 2018 година станал татко по втор пат, кога неговата сопруга го родила синот Матеј.

Клупска кариера

Интер од Милано

Ален Стевановиќ својата професионална кариера ја започнал во Србија, поточно во екипата на ФК Раднички од Обреновац.[4] На почетокот на 2009 година, му била договорена средба со италијанскиот шампион Интернационале (Интер од Милано), а по пристигнувањето во Милано на 9 јануари. Стевановиќ потпишал договор со клубот во месец февруари.[5]

Во ноември 2009 година, Стевановиќ заедно со младиот играч Џулио Донати, бил поставен во првиот тим за натпреварот против екипата на Ливорно во Купот на Италија, но останал неискористен бидејќи бил на клупата за резервни играчи.[6]

Тој подоцна отпатувал со првиот тим во Абу Даби, ОАЕ и во Саудиска Арабија во зимскиот тренинг камп.[7] Пријателскиот натпревар против екипата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија го одиграл како стартер на тимот.[8]

Поради повредите на Естебан Камбијасо, Сали Мунтари и Рене Крин, Стевановиќ се нашол во составот за прволигашкиот натпревар по зимската пауза, против екипата на Киево, но повторно не добил минутажа зошто останал на клупата за резервни играчи.[9]

Неколку дена подоцна, на 8 јануари 2010 година откако соиграчот Патрик Виера заминал во екипата на Манчестер Сити, Стевановиќ го одиграл својот прв натпревар во Серија А. Тоа бил натпреварот од 9 јануари на домашен терен против составот на Сиена. На тој натпревар, Ален влегол во игра како замена за соиграчот Тиаго Мота во 67 минута. Главниот тренер на Интер Жозе Мурињо ја направил таа замена како директен одговор на водството на екипата на Сиена со 3:2 на голот постигнат две минути претходно. До крајот, екипата на Интер успеала да направи пресврт во резултатот и да победи со 4:3 и тоа во судиското надополнување.[10]

Торино

На 22 јули 2010 година, Ален Стевановиќ заминал во тимот од Серија Б, во екипата на Торино за сума од два милиони евра. Тој, за новиот клуб за прв пат настапил во Копа Италија против екипата на Козенца. На тој натпревар врз него бил направен пенал. Тренерот на екипата на Торино, Франко Лерда, во текот на сезоната вкупно 8 пати го има ставано во екипата на лигашки натпревари и уште еднаш во натпревар од Купот на Италија.

Торонто ФК (како позајмен играч)

На 24 март 2011 година, Стевановиќ бил официјално претставен дека ќе му се приклучи на МЛС клубот ФК Торонто и тоа како позајмен играч.[11] Ален својот прв натпревар за клубот го имал на 26 март 2011 година во победата со 2:0 на домашен терен против составот наПортланд Тимберс.[12] По поразот од 1:0 на домашен терен на 18 јуни, од составот на ФК Сиетл Саундерс, во кој Стевановиќ го забележал својот прв настап како стартер по речиси период од еден месец, српскиот офанзивен играч за врска бил отповикан од тимот на Торино и тој веднаш требало да се врати во Италија.[13]

Враќање во Торино

На 21 јуни 2011 година, договорот за косопственост бил обновен за наредната сезона 2011–12. На 4 септември 2011 година, тој го постигнал својот прв гол како професионален фудбалер, обезбедувајќи му водство на клубот на Торино против составот на Варезе.[14] Сезоната ја завршил со 36 одиграни натпревари и 3 постигнати гола. На 22 јуни 2012 година, косопственоста врз него била повторно обновена. Неговиот нов договор со екипата на Торино важел до 30 јуни 2015.[15] На 26 август 2012 година, Ален Стевановиќ го одиграл својот прв натпревар во сезоната 2012–13, и тоа против екипата на Сиена.[16] На тој натпревар бил стартер во екипата. На 30 септември 2012 година, тој влегол во игра во 58 минута како замена за соиграчот Марио Сантана и го постигнал голот по центаршутот на Алесио Черчи. Тој натпревар екипата на Торино го играла против составот на Аталанта. Резултатот бил 1:5 во корист на екипата на Стевановиќ.[17]

На 19 јуни 2013 година, по 15 настапи и 2 гола во Серија А, договорот за косопственост бил решен во корист на екипата на Торино.[18]

Како позајмен играч во екипите на Палермо, Бари и Специја

На 11 јули 2013 година, тој се преселил во екипата на Палермо како позајмен играч со право на откуп на договорот за косопственост,[19] кој бил финализиран наредниот ден.[20] Својот прв натпревар во дресот на популарните росанеро (розови), го одиграл на 11 август 2013 година во второто коло од Купот на Италија, во победата од 2:1 над екипата на Кремонезе, играјќи како стартер.[21] На 3 мај 2014 година, по победата против екипата на Новара од 1:0 на гостински терен составот на Палермо бил промовиран во Серија А - на пет натпревари до крајот на сезоната. Ален, сезоната ја завршил со 21 одигран натпревар и еден постигнат гол во Купот на Италија.

На 24 јули 2014 година тој бил со статус на позајмен играч во составот на Бари, со можност за откуп на договорот.[22] Во месец јануари 2015 година, Стевановиќ бил отповикан од екипата на Торино и веднаш испратен како позајмен играч во составот на Специја од каде како замена требало да пристигнат во екипата на Торино за напаѓачот Осаримен Ебагуа и играчот од средниот ред Пасквал Скиатрела.[23]

Партизан

На 31 август 2015 година, Ален Стевановиќ му се приклучил на составот на Партизан од екипата на Торино и тоа на слободен трансфер, потпишувајќи тригодишен договор. Го добил дресот со број 91. Два дена подоцна тој бил официјално претставен на стадионот на Партизан. На 12 септември 2015 година, Ален Стевановиќ го одиграл својот прв официјален натпревар за клубот во вечното дерби против екипата на Црвена ѕвезда од Белград и го постигнал израмнувачкиот гол за екипата на Партизан.[24] На 1 октомври 2015 година, тој го одиграл својот прв натпревар за составот на Партизан во натпреварувањата на УЕФА во групната фаза од Лига Европа во победата 1:3 на гостински терен над составот на Аугсбург.[25] Тој го постигнал водечкиот гол за екипата на Партизан на 14 октомври 2015 година против составот на Радник од Сурдулица во нерешениот натпревар од 2:2 на гостински терен.[26] Ален одиграл вкупно 3 натпревари во групната фаза на УЕФА Лигата на Европа 2015–16.

На 2 март 2016 година, Стевановиќ постигнал гол во четвртфиналето на Купот на Србија против екипата на Раднички од Ниш во победата од 2:0 на домашен терен.[27]

Шонан Белмар

На 29 декември 2016 година, потпишал двегодишен договор со екипата на Шонан Белмар.[28] На 10 септември 2018 година, тој официјално го раскинал договорот со екипата на Белмар и тоа со заедничка согласност.[29]

Висла Плок

Ален Стевановиќ официјално му се приклучил на полскиот клуб Висла од Плок на 12 февруари 2019 година со потпишан договор со траење на една година и половина.[30] На 27 јули 2019 година се појавила вест дека Стевановиќ бил исклучен од првиот тим. Портпаролот на клубот објаснил дека Ален прекршил одредени правила на клубот, без дополнителни коментари за што станува збор, но неговиот договор не бил раскинат.[31] Подоцна било откриено дека причината зошто тој бил исклучен е тоа што не се појавил на тренингот пред натпреварот против екипата на Лех од Познањ. Истото тоа веќе се случило и двапати претходно во истиот клуб. Сепак, тој се вратил на тренинзите со првиот тим на помалку од две седмици подоцна.[32]

На 19 август екипата на Висла потврдила дека поднеле барање до Комората за решавање на спортски спорови за раскинување на договорот со Ален Стевановиќ.[33] На 30 август било пријавено дека Стевановиќ едноставно исчезнал и по четврти пат, не се појавил на тренинг. Никој не знаел ниту нешто слушнал за него во тој момент.[34] Претседателот на клубот тогаш изјавил дека „овојпат нема можност да се врати во екипата и дека само чекаат да биде прифатено барањето за раскин на договорот“.

Репрезентација

На 3 март 2010 година, тој го одиграл својот прв натпревар за репрезентацијата на Србија У-21 и тоа против селекцијата на Македонија.

На 12 октомври 2012 година, Ален бил повикан во сениорската репрезентација на Србија од страна на тренерот Синиша Михајловиќ. За сениорската репрезентација за прв пат настапил кога го заменил својот соиграч Зоран Тошиќ, во 67 минута од натпреварот против селекцијата на Белгија. Тоа бил натпревар од квалификациите за Светското првенство во ФИФА 2014 година. На тој натпревар репрезентацијата на Србија го загубила дуелот.[35] На 22 март 2013 година, Ален Стевановиќ бил првпат во стартниот состав на српската репрезентација во својата кариерата. Тоа бил натпревар против репрезентацијата на Хрватска, одигран на стадионот Максимир.[36]

Статистика во кариерата

Клупска статистика

Обновено на 23 мај 2015[37]
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Европски натпревари Други натпревари Вкупно Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Интер од Милан 2009–10 Серија А 1 0 0 0 0 0 0 0 1 0
Торино 2010–11 Серија Б 8 0 2 0 - - 10 0
Торонто (како позајмен играч) 2011 година МЛС (канадска лига) 12 0 - - - 12 0
Торино 2011–12 Серија Б 34 3 2 0 - - 36 3
2012–13 Серија А 15 2 2 0 - - 17 2
Палермо (како позајмен играч) 2013–14 Серија Б 21 0 1 0 - - 22 0
Бари (како позајмен играч) 2014–15 Серија Б 16 1 0 0 - - 16 1
Специја (како позајмен играч) 2014–15 Серија Б 9 1 - - - 9 1
ФК Партизан 2015–16 Српска Суперлига 20 3 5 1 3 0 0 0 28 4
2016–17 Српска Суперлига 17 2 1 0 1 0 0 0 19 2
Вкупно во кариерата 153 12 13 1 4 0 0 0 170 13

 

Меѓународна (репрезентативна) статистика

Обновено на 18 декември 2013 година

Репрезентација на Србија
Година Натпревари Голови
2012 година 1 0
2013 година 2 0
Вкупно 3 0

Признанија

Клупски признанија

Палермо
Партизан

Наводи

  1. Alen Stevanović, mladić bez kluba u Srbiji, u Interu: Murinjov dar srpskom tinejdžeru za rođendan Архивирано на 13 јануари 2010 г.; Blic, January 12, 2010
  2. Liotta, Christian (29 December 2011). „Stevanovic racconta: 'Mi stavo buttando via, ora...'. tuttomercatoweb.com (италијански). Посетено на 24 July 2014.
  3. „E' Nata Neva Stevanović“. palermocalcio.it (италијански). 18 February 2013. Архивирано од изворникот на 16 January 2014. Посетено на 24 July 2014.
  4. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 24 January 2018. Посетено на 23 January 2018.
  5. „Academy ins and outs“. inter.it. 2 February 2009. Архивирано од изворникот на 2012-10-03. Посетено на 2010-01-10.
  6. „Tim Cup: Inter 1–0 Livorno“. inter.it. 16 December 2009. Архивирано од изворникот на 2010-01-22. Посетено на 2010-01-10.
  7. „Inter set for winter break training camp“. inter.it. 28 December 2009. Архивирано од изворникот на 2010-01-01. Посетено на 2010-01-10.
  8. „Milito scores winner as Inter edge Al Hilal“. inter.it. 2 January 2010. Архивирано од изворникот на 2010-01-06. Посетено на 2010-01-10.
  9. „Chievo-Inter: three youngsters with first team“. inter.it. 5 January 2010. Архивирано од изворникот на 2012-10-18. Посетено на 2010-01-10.
  10. „Serie A: Inter 4–3 Siena“. inter.it. 9 January 2010. Архивирано од изворникот на 2010-01-11. Посетено на 2010-01-10.
  11. „Toronto FC Signs Stevanovic And Plata | Toronto FC“. Torontofc.ca. 24 March 2011. Архивирано од изворникот на 2 May 2011. Посетено на 2011-06-19.
  12. „Martina Brace Leads The Way“. Toronto FC. 26 March 2011. Архивирано од изворникот на 7 April 2012. Посетено на 26 March 2011.
  13. „Stevanovic Heads back to Italy“. Toronto FC. 19 June 2011. Архивирано од изворникот на 2012-08-20. Посетено на 19 June 2011.
  14. Turco, Fabrizio (4 September 2011). „All'Olimpico Stevanovic e Sgrigna regalano al Toro vittoria e primato“. la Repubblica (италијански). Посетено на 24 July 2014.
  15. Cavasinni, Alessandro (22 June 2012). „Definito il futuro di Crisetig, Caldirola e Stevanovic“. tuttomercatoweb.com. Посетено на 24 July 2014.
  16. „Siena-Torino 0-0“. torinotoday.it. 26 August 2012. Посетено на 23 March 2016.
  17. „Atalanta-Torino 1-5, è festa granata“. repubblica.it. 30 September 2012. Посетено на 23 March 2016.
  18. „Torino FC Official Site“. Архивирано од изворникот на 22 June 2013.
  19. „Acquistato Stevanovic Dal Torino“. palermocalcio.it. 11 July 2013. Архивирано од изворникот на 30 January 2016. Посетено на 24 July 2014.
  20. „Tutti i trasferimenti: Palermo“. legaserieb.it. 2014. Архивирано од изворникот на 5 August 2014. Посетено на 24 July 2014.
  21. „Palermo-Cremonese - Tim Cup Secondo turno eliminatorio“. palermocalcio.it. 11 August 2013. Архивирано од изворникот на 2 October 2013. Посетено на 24 July 2014.
  22. „Stevanovic al Bari“. torinofc.it (италијански). Torino Football Club. Посетено на 23 July 2014.
  23. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 13 January 2015. Посетено на 8 July 2015.
  24. „Trijumf Zvezde u večitom derbiju za +8“. b92.net (српски). 12 September 2015. Посетено на 2 March 2016.
  25. „Ten-man Partizan power to Augsburg win“. uefa.com (англиски). 1 October 2015. Посетено на 2 March 2016.
  26. „KRAJ: Radnik - Partizan 2:2, Surdulica gori, Stanković doneo bod domaćinu!“. mozzartsport.com (српски). 14 October 2015. Посетено на 2 March 2016.
  27. „Još samo dve prepreke do trofeja“. bellmare.co.jp (јапонски). 29 December 2017. Архивирано од изворникот на 9 June 2020. Посетено на 2 March 2016.
  28. アレン ステバノヴィッチ選手 パルチザン・ベオグラードより完全移籍加入のお知らせa. bellmare.co.jp (јапонски). 29 December 2017.
  29. アレンステバノヴィッチ選手 契約解除のお知らせ. bellmare.co.jp (јапонски). 10 September 2018.
  30. Oficjalnie: Alen Stevanović w Wiśle Płock. To były podopieczny Jose Mourinho z Interu Mediolan, sportowefakty.wp.pl, 12 February 2019
  31. Wisła Płock. Alen Stevanović odsunięty od zespołu i zawieszony, sport.interia.pl, 27 July 2019
  32. Wisła Płock. Alen Stevanović przywrócony do pierwszego zespołu, sport.interia.pl, 7 August 2019
  33. Przegiął nawet przy standardach Ekstraklasy. Alen Stevanović wyleci z Wisły Płock!, futbolnews.pl, 19 August 2019
  34. POWSTAŁA WYRWA PO SERBIE, przegladsportowy.pl, 30 August 2019
  35. „Serbia Belgium 0-3“. fifa.com. 2016-10-12. Архивирано од изворникот на 19 May 2014. Посетено на 2016-03-09.
  36. „Croatia Serbia 2-0“. fifa.com. 2016-03-22. Архивирано од изворникот на 19 May 2014. Посетено на 2016-03-09.
  37. https://int.soccerway.com/players/alen-stevanovic/111494/

Надворешни врски

Read other articles:

Trouville-sur-Mer Trouville-sur-Mer (Frankreich) Staat Frankreich Region Normandie Département (Nr.) Calvados (14) Arrondissement Lisieux Kanton Honfleur-Deauville Gemeindeverband Cœur Côte Fleurie Koordinaten 49° 22′ N, 0° 5′ O49.36750.081666666666667Koordinaten: 49° 22′ N, 0° 5′ O Höhe 0–148 m Fläche 6,79 km² Einwohner 4.603 (1. Januar 2020) Bevölkerungsdichte 678 Einw./km² Postleitzahl 14360 INSEE-Code 14715 Websi...

 

Bài viết này là một bài mồ côi vì không có bài viết khác liên kết đến nó. Vui lòng tạo liên kết đến bài này từ các bài viết liên quan; có thể thử dùng công cụ tìm liên kết. (tháng 7 2018) Bài này không có nguồn tham khảo nào. Mời bạn giúp cải thiện bài bằng cách bổ sung các nguồn tham khảo đáng tin cậy. Các nội dung không có nguồn có thể bị nghi ngờ và xóa bỏ. Nếu bài được dịch t

 

Adrian van Hooydonk Información personalNacimiento 21 de junio de 1964 (59 años)Echt (Países Bajos) Nacionalidad NeerlandesaEducaciónEducado en Universidad Técnica de Delft Información profesionalOcupación Diseñador de automóviles Años activo 1989-2012Empleador BMW Obras notables BMW Serie 7BMW Z9 [editar datos en Wikidata] Adrian van Hooydonk (n. Echt, Países Bajos; 21 de junio de 1964) es un diseñador de automóviles que actualmente es el jefe de diseño del grupo BMW ...

ПакоPako|coordinates_footnotes= |coor_pinpoint= Пако Основні дані 45°56′22″ пн. ш. 14°22′15″ сх. д. / 45.93972200002777839° пн. ш. 14.37111100002777775° сх. д. / 45.93972200002777839; 14.37111100002777775Координати: 45°56′22″ пн. ш. 14°22′15″ сх. д. / 45.93972200002777839° пн. ш. 14.37111100002777775° сх....

 

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (ديسمبر 2020) تشارلز إف. كوبر معلومات شخصية الميلاد 3 يناير 1852  برمينغهام  الوفاة 11 مارس 1919 (67 سنة)   مواطنة كندا  الحياة العملية المهنة سياسي  الحزب الحزب اللي...

 

Symbols that are most commonly associated with communism: the hammer and sickle, the red star, and the red banner Countries where:   All communist symbols are banned   Certain communist symbols are banned   Communist symbols were formerly banned Communist symbols have been banned, in part or in whole, by a number of the world's countries.[1] As part of a broader process of decommunization, these bans have mostly been proposed or implemented in countries t...

نور الدين بن عياد معلومات شخصية مواطنة تونس  الحياة العملية المهنة ممثل  المواقع IMDB صفحته على IMDB  السينما.كوم صفحته على السينما.كوم  تعديل مصدري - تعديل   نور الدين بن عياد ممثل كوميدي تونسي.[1][2][3] أعماله مسلسلات حكايات منوّر خاطيني 1986 العاصفة 1993 غاد...

 

2002 film directed by Damon Dash & David Daniel This article has multiple issues. Please help improve it or discuss these issues on the talk page. (Learn how and when to remove these template messages) This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Paper Soldiers – news · newspapers · books · scholar · ...

 

Italian criminalNot to be confused with Francesca Schiavone. Francesco SchiavoneSchiavone at his arrest in July 1998Born (1953-01-06) 6 January 1953 (age 70)Casal di Principe, ItalyNationalityItalianOther namesSandokanAllegianceCasalesi clan / Camorra Francesco Schiavone (Italian pronunciation: [franˈtʃesko skjaˈvoːne]; born 3 March 1954) is a member of the Camorra, the Caserta organized crime syndicate, and the head of the Casalesi clan from Casal di Principe in the pro...

Argentinian cathedral Exterior view of the Comodoro Rivadavia Cathedral. Comodoro Rivadavia Cathedral is the cathedral church of Comodoro Rivadavia, Chubut Province, Argentina. It is situated at the intersection of Avenida Belgrano and Rivadavia. The cathedral is the city's main Roman Catholic church, serving the Diocese of Comodoro Rivadavia, part of the Archdiocese of Bahía Blanca. It was inaugurated by Bishop Moure Argimiro on November 26, 1978, and consecrated on June 9, 1979, by Monsign...

 

Ini adalah nama Papua (Dani), marganya adalah Haluk Dr.Ribka HalukS.Sos., M.M.Penjabat Gubernur Papua TengahPetahanaMulai menjabat 11 November 2022PresidenJoko WidodoPendahulujabatan baru Informasi pribadiLahir10 Januari 1971 (umur 52)Piramid, Jayawijaya, Irian Jaya, IndonesiaKebangsaanIndonesiaPartai politik  IndependenSuami/istriNikolaus RumpomboAnakNerrens Mardan Florentino RumpomboPendidikanMagister ManajemenDoktor Ilmu ManajemenAlma materUniversitas CenderawasihUnivers...

 

This article includes a list of general references, but it lacks sufficient corresponding inline citations. Please help to improve this article by introducing more precise citations. (June 2014) (Learn how and when to remove this template message) LNER Class V260975 at NewsteadType and originPower typeSteamDesignerSir Nigel GresleyBuilderLNER Doncaster and Darlington WorksBuild date1936–1944Total produced184SpecificationsConfiguration:​ • Whyte2-6-2 • UIC1′C...

For other uses, see Verissimo. The name of this television news uses a disambiguation style that does not follow WP:NCTV or WP:NCBC and needs attention. If you are removing this template without fixing the naming style to one supported by WP:NCTV, please add the article to Category:Television articles with disputed naming style. Italian TV series or program VerissimoAlso known asVerissimo - Tutti i colori della cronacaStarringCristina Parodi (1996-2005), Benedetta Corbi and Giuseppe Brin...

 

Discontinued 3D graphics software Softimage redirects here. For the company, see Softimage (company). Autodesk SoftimageUser interface of Softimage 2011Original author(s)Softimage, Co.Developer(s)AutodeskInitial release2000; 23 years ago (2000) (as Softimage|XSI)Stable release2015 / April 14, 2014; 9 years ago (2014-04-14) Operating systemLinux, Microsoft WindowsType3D computer graphicsLicenseTrialwareWebsitewww.autodesk.com/softimage Autodesk Softimage, or...

 

This article has multiple issues. Please help improve it or discuss these issues on the talk page. (Learn how and when to remove these template messages) This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Leicester City Centre – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (September 2019) (Learn how and when to...

Fantasy novel about werewolves and vampires For the book R. L. Stine, see R. L. Stine § Dangerous Girls. Bitten First Edition(publ, Random House, Canada)AuthorKelley ArmstrongCover artistDominic HarmanCountryCanadaLanguageEnglishSeriesWomen of the OtherworldGenreFantasy, romance, adventurePublished1 October 2001 Viking Adult (United States), Little, Brown & co. (U.K.), Random House (Canada)Media typePrint (hardback and paperback) and audio book (cassette)Pages400 (hardcove...

 

Artikel atau sebagian dari artikel ini mungkin diterjemahkan dari Forum Gaidar di en.wikipedia.org. Isinya masih belum akurat, karena bagian yang diterjemahkan masih perlu diperhalus dan disempurnakan. Jika Anda menguasai bahasa aslinya, harap pertimbangkan untuk menelusuri referensinya dan menyempurnakan terjemahan ini. Anda juga dapat ikut bergotong royong pada ProyekWiki Perbaikan Terjemahan. (Pesan ini dapat dihapus jika terjemahan dirasa sudah cukup tepat. Lihat pula: panduan penerjemaha...

 

Australian band Beasts of BourbonBeasts of Bourbon at the Big Day Out, Perth, in February 2006Background informationOriginSydney, New South Wales, AustraliaGenres Blues rock swamp rock (early) Years active1983 (1983)–1985 (1985), 1987 (1987)–1993 (1993), 1996 (1996)–1997 (1997), 2003 (2003)–2008 (2008), 2013 (2013)–2018 (2018)LabelsGreen/Big Time, Red Eye, Polydor, Universal, Spooky, Alberts, Bang!SpinoffsThe Cruel Sea, Kim Salmon an...

Preventive judicial device in common law Equitable doctrines Doctrines Equitable conversion Estoppel Hotchpot Knowing receipt Laches Marshalling Unconscionability Undue influence Subrogation Defences Bona fide purchaser Clean hands Equitable remedies Account of profits Constructive trust Declaratory relief Injunction Rectification Rescission Specific performance Related Court of Chancery Equitable interest History of equity Maxims of equity Tracing Trust law vte Estoppel is a judicial device ...

 

1937 film Brothers of the WestFilm posterDirected bySam KatzmanWritten byBasil DickeyProduced bySam KatzmanStarringSee belowCinematographyWilliam HyerEdited byHolbrook N. ToddProductioncompanyVictory PicturesRelease date1937Running time58 minutesCountryUnited StatesLanguageEnglish Brothers of the West is a 1937 American Western film produced and directed by Sam Katzman[1] filmed at the Brandeis Ranch at Chatsworth, Los Angeles.[2] Plot In order to help pay his mortgage, Ed Wad...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!