Џек Килби (8 ноември1923-20 јуни2005) — американски електроинженер кој има значаен придонес заедно со Роберт Нојс) во изработката на првото интегрално коло додека работел во Тексас Инструментс (ТИ) во 1958 година. Тој ја добил Нобеловата награда за физика на 10 декември 2000 година.[1] За да му честита, американскиот претседател Бил Клинтон му пишал, „Можеш да бидеш горд на твојата работа која ќе придонесе да се подобрат животите на генерациите кои доаѓаат.“[2]
Џек Килби е роден во 1923 година во Мисури како син на Хјуберт и Вина Килби. Неговиот татко бил извршен член во Канзаската електрична компанија. Килби детството и школувањето ги минал во Грејт Бенд (Канзас), Канзас, каде и матурирал . (Патните знаци на влезот од градот се поставени бидејќи бил дел од историјата на градот, и областа околу средното училиште во негова чест е наречена „Џек Килби“.)
Во средината на 1958 година, Килби, нововработен во Тексас Инструментс (ТИ), го немал стекнатао правото на летен одмор. Тој го поминал летото работејќи на проблем поврзан со колата четопати нарекуван „тиранија на броевите", и дошол до заклучокот декла производството на компонентите en masse на единствено парче полуспроводнички материјал може да биде бараното решение. На 12 септември, тој своите наоди ги претставил на раководството на компанијата , меѓу кои бил и Марк Шепард. Тој им покажал парче од германиум на кое е прикачено осцилоскоп, притиснал прекинувач, и на осцилоскопот се појавил непрекинат синусоиден бран, што покажало дека неговото интегрално коло работело, а со тоа го разрешил и постоечкиот проблем. U.S. Patent 3,138,743 за „Минијатурно електрично коло“, првото интегрално коло, бил поднесен на 6 февруари 1959 година.[4] Заедно со Роберт Нојс (кој независно изработил сличен уред неколку месеци подоцна), Килби се смета за соизработувач на интегралното коло.
Џек Килби продолжил својата работа со микрочиповите да ја насочува кон армијата, индустријата и за други комерцијални потреби. Тој раководел со екипи кои ги изработиле првиот воен систем и првиот сметач во кој имало интегрални кола. Подотцна тој бил соизработувач и за рачниот калкулатор и топлинскиот печатач кои се користеле кај преносните влезови на податоци.
Во 1970 година, тој земал одмор во ТИ за да работи како независен истражувач. Тој ја истражувал, меѓу другите работи, и употребата на силициумовата технологија за создавање на електрична струја од сончева светлина. Од 1978 до 1984 година тој бил почесен професор по електроинженерство на Тексашкиот универзитет.
Во 1983, Килби се пензионирал како вработен во Тексас Инструментс.
Старост
Тој починал од рак на 20 јуни 2005 година на возраст од 81 година, во Далас, Тексас.
На 14 декември 2005 година Тексас Инструментс ја создале Историската ТИ архива. Семејството на Џек Килби ги подарила неговите личнио записи и фотографии на Јужниот методистички униварзитет (ЈМУ). Збирката била категоризирана и складирана во ДеГолиевата библиотека.
Во 2008 година, одделот за инжинерство при Јужниот методистички униварзитет, заедно со ДеГолиевата библиотека при Конгресот, одржиле прослава со траење од една година од почетокот на дигиталната доба со интегралното коло, откритието на Џек Килби наградено со Нобелова награда за физика. Симпозиумите и изложбите ги разгледувале бројнитер начини на кои технологијата го обликувала современиот свет. Килби исто така имал почесен докторат по наука од ЈМУ и бил долгогодишен сороаботник на ЈМУ преку неговата Килбиева фондација.
Во 1982 година бил поставен во халата на славните национални пронаоѓачи.
Во 1993 година, ја добил Наградата „Кјото“ од фондацијата Инамори. Бил награден и со Вашингтоновата награда, од страна на Западното друштво на инженери и Ета Капа Ни наградата „Владимир Карапетов“ во 1999 година. Во 2000 година, Килби е награден со Нобеловата награда за физика за неговото откритие на интегралното коло,и неговиот придонес во индустријата. Говорот за време на доделувањето.
Килби бил награден со девет почесни докторати од универзитетите:
Leslie Berlin The man behind the microchip: Robert Noyce and the invention of Silicon Valley Publisher Oxford University Press US, 2005 ISBN0-19-516343-5
Lécuyer, Christophe. Making Silicon Valley: Innovation and the Growth of High Tech, 1930-1970 Published by MIT Press, 2006.ISBN0262122812
Nobel lectures, World Scientific Publishing Co., Singapore, 2000.
Oral history interview with Jack S. Kilby at Charles Babbage Institute, University of Minnesota, Minneapolis. Interview covers Kilby's entire career, including his education, work experiences at Centralab, where he worked with Alfred Khouri and Robert Wolff, and Texas Instruments (TI) under Willis Adcock. Kilby discusses TI's development and manufacturing of integrated circuits. He discusses his involvement in the development of the first hand-held calculator at TI. Discusses semiconductor developments at Fairchild Corporation and his independent work after leaving TI in 1970.