Јужноамериканско првенство во фудбал 1935 — 13-то издание на првенството кое денес е познато како Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал, и се одржало во Перу од 6 јануари до 27 јануари 1935 година.
На турнирот учествувале 4 репрезентации. Турнирот бил освоен од страна на Уругвај, второто место припаднало на репрезентацијата на Аргентина а третото на репрезентацијата на Перу[2]. Ерминио Масантонио, репрезентативец на Аргентина, бил најдобар стрелец со четири голови.[3]
Шест година по последното оджано првенство во 1929 година било одлучено турнирот повторно да се одржи. Турнирот немал трофеј, туку послужил како квалификација за Летните олимписки игри во 1936 година.
1. Аргентина 2. Перу 3. Чиле 4. Уругвај
4 гола
3 гола
2 гола
1 гол