Microsoft Visual Studio |
Податотека:Visual Studio 2012 EN.png Слика од Visual Studio 2012, уредувајки го C++ кодот на една програма |
Програмери | Микрософт |
---|
Јазици | Кинески, чешки, англиски, француски, германски, италијански, јапонски, корејски, полски, португалски (Бразил), руски, шпански и турски |
---|
Мреж. место | visualstudio.com |
---|
Microsoft Visual Studio е интегрирана развивачка околина од Микрософт (анг. Microsoft). Таа се користи за развој на компјутерски програми за Микрософт Виндоус (анг. Microsoft Windows), како и за создавање мрежни места, семрежни прилози, веб услуги и мобилни апликации.
Особености
Visual Studio користи едитор за код кој поддржува Intellisense (компонента за дополнување на код) како и рефакторирање на код. Останати алатки во оваа развивачка околина се : интегриран дебагер, профилер за код, дизајнер за форми (за графички апликации), веб дизајнер, дизајнер за класи и дизајнер за шема на основа на податоци. Visual Studio исто така поддржува голем број на екстензии кои можат да ја зголемат функционалноста на речиси секое ниво.
Поддржани програмски јазици
Visual Studio (засега) поддржува 36 различни програмски јазици. Некои поддржани програмски јазици се: C, C++, C++/CLI, VB.NET, C#, F# и TypeScript. Некои програмски јазици како Пајтон(анг. Python) имаат потреба од посебни екстензии, а некои како на пр. Јава (анг. Java) веќе не се поддржани од оваа развојна околина.
Верзии и изданија
Visual Studio има неколку верзии на развој:
- 97 (1997)
- 6.0 (1998)
- .NET (2002)
- .NET 2003
- 2005
- 2008
- 2010
- 2012
- 2013
- 2015
- 2017
- 2019
Секоја верзија се пушта во продажба во неколку изданија, од кои најпопуларни најчесто се изданијата Community, Professional и Enterprise, од кои секое издание поддржува различни одлики.
Моментално, последна издадена верзија е Visual Studio 2019, чие официјално пуштање во продажба беше на 2 април 2019, иако претходно беа претставени неколку "preview" верзии, односно некомплетни и нестабилни верзии претставени со цел да се комплетира и оваа верзија на познатата интегрирана развивачка околина.