Faith No More ― американскa рок-група од Сан Франциско, Калифорнија, основана во 1979 година.[3][4][5] До септември 1983 година,[6] групата настапувала под имињата Sharp Young Men[5] и подоцна Faith No Man.[7] Оваа група се смета за основоположник и една од најважните претставници на кросоверот, бидејќи споиле различни музички стилови како арт-рок или фанк со хеви-метал и хардкор-панк.
Басистот Били Гулд, клавијатуристот/ритам гитаристот Роди Ботум и тапанарот Мајк Бордин се членови со најдолг стаж групата, а биле вклучени и во нејзиното основање. На почетокот од своето постоење групата претрпела неколку мали промени во составот, а подоцна имало и поголеми промени. Денес, членови на Faith No More се: Гулд, Бордин, Ботум, главниот гитарист Џон Хадсон и пејачот/текстописец Мајк Патон.
На 20 април 1998 година, откако претходно објавиле шест студиски албуми, меѓу кои и најпродаваните изданија The Real Thing (1989) и Angel Dust (1992),[8] Faith No More официјално објавиле дека групата се распаднала. По распадот, групата повторно се обединила за да организира турнеја насловена како The Second Coming Tour која се одржала во 2009 и 2010 година, а во мај 2015 година го издале нивниот седми студиски албум, Sol Invictus.[9] По циклусот на турнеи за поддршка на албумот Sol Invictus, Faith No More повторно заминала на пауза. Во ноември 2019 година, групата објавила дека повторно ќе се обедини за да започне турнеја во Велика Британија и Европа во 2020 година, но поради пандемијата COVID-19 таа била одложена. Турнејата требало да започне со кратка турнеја во САД во септември 2021 година, а во јуни 2022 година турнејата требало да продолжи во Обединетото Кралство и Европа, но сите датуми од турнејата биле откажани, а Патон како причини ги навел проблемите со душевното здравје.[10]
Текстовите на Faith No More биле опишани како „бизарно хумористични“. Кога бил прашан за неговите стихови, Патон одговорил: „Сметам дека огромно мнозинство од луѓето премногу размислуваат за моите стихови. Јас сум личност која повеќе се занимава со тоа како зборот звучи, а не какво е неговото значење. Зборовите честопати ги избирам само поради ритамот, не поради значењето“.[48]
Во една статија од Artistdirect од 2015 година, музичарите Даф МекКаган, Чино Морено, Серџ Танкијан, Кори Тејлор, Макс Кавалера и Џонатан Дејвис навеле дека групата влијаела врз нивната музика.[52] Басистот и коосновач на Нирвана, Крист Новоселиќ ги навел Faith No More како група која „го отвори патот за Нирвана“ кон крајот на 1980-тите.[53]Роберт Плант, пејачот од Led Zeppelin во интервју за Ролинг Стоун во 1988 година навел дека тогашните Faith No More предводени од Чак Мозли се една од неговите омилени групи.[22] Плант и Faith No More, по објавувањето на The Real Thing имале заедничка турнеја.[54] Скот Ијан од Anthrax исто така ги навел Faith No More како еден од неговите омилени групи.[55][56]
Тие се наоѓаат на 52-ро место на листата од „100 најдобри хардрок-изведувачи“ според VH1.[57] Групата е заслужна за откривањето на алтернативен метал жанрот кој започнал во 1980-тите и кој е спој на металот со други жанрови, вклучувајќи го и алтернативниот рок.[58] Faith No More, исто така, е заслужна за влијание врз ну-метал групите, како: Limp Bizkit, Korn и Sevendust,[59] првенствено поради популарноста на „Epic“ и другиот ран материјал кој вклучува рап- и рок-кросовери.
Кавга со Red Hot Chili Peppers
По објавувањето на The Real Thing, настанала долгогодишна расправија помеѓу Faith No More и калифорниската фанк група Red Hot Chili Peppers, со кои претходно заедно свиреле на турнејата The Uplift Mofo Party, додека Чак Мозли сè уште бил водечки пејач на Faith No More. Патон и фронтменот на Chili Peppers, Антони Кидис, започнале речиси 35-годишна расправија која произлегла од обвинувањата на Кидис дека Патон за музичкото видео на Faith No More од 1989 година „Epic“ ги имитира неговите движења и имиџ.[60][61][62][63] Со текот на годините, медиумското внимание често ги преувеличувало тензиите меѓу двете групи.[64] И покрај ова, различни членови на Faith No More и Red Hot Chili Peppers се чини дека останале во добри односи уште од првата контроверза. Во врска со судирот, басистот на Red Hot Chili Peppers, Flea, во едно интервју во 1996 година изјавил: „Никогаш немало никаква тепачка меѓу нас, тоа беа еден куп глупости создадени од медиумите. Мислам дека тие се добра група. Можеби таму беа кажани некои работи помеѓу Антони и пејачот [Патон], но сето тоа не ми значи ништо. [...] Дечките во групата се добри луѓе и нема кавга, ајде да не се караме“.[65] На концертот во Бруклин во 2014 година, Red Hot Chili Peppers, исто така, испеале дел од песната од времето на Чак Мозли „We Care a Lot“.[63]
↑Thomas, Stephen. „Faith No More Biography on Yahoo! Music“. Music.yahoo.com. Архивирано од изворникот на August 21, 2008. Посетено на November 15, 2010. With their fusion of heavy metal, funk, hip-hop, and progressive rock, Faith No More has earned a substantial cult following.
↑Neil Strauss (April 23, 1998). „The Pop Life; Horde Festival Offers a Surprise“. The New York Times. Посетено на March 18, 2011. Faith No More, the 15-year-old San Francisco rock band known for its energetic mix of punk, jazz, heavy metal, alternative rock, samba, polka, and easy-listening, has broken up.
↑Greg Prato. „Album of the Year review“. AllMusic. Посетено на March 14, 2011. Outstanding tracks blend hard rock and pop melodicism the way only FNM can. Album of the Year was a fitting way for one of alternative rock's most influential and important bands to end its career.
↑Flea. „Flea talks about Faith No More“. M6. Архивирано од изворникот на 2023-07-27. Посетено на October 15, 2014.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)