Музичко издаваштво — занимање во музичката индустрија одговорно да обезбеди приходи за текстописците и композитор за нивните дела. Авторот по пат на издавачки договор го предава авторското право на делото на издавачка куќа, а таа од своја страна издава дозволи, врши надзор каде се користат делата, собира авторски хонорари и ги предава на творецот. Издавачот исто така обезбедува нови нарачки за работа и ги промовира постоечките дела на музичарот, филмот или телевизиската емисија.[1]
Интелектуалната сопственост во музичката индустрија има облик на авторските права предадени на издавачките куќи, како и авторското право на матичен примерок (мастер).
Улогата на музичкиот издавач
Успешните текстописци и композитори работат со издавачите со авторски договор, и плаќаат значајни износи однапред, за обезбедување на средства до следното објавено дело. За ова, издавачите добиваат процент, кој може да биде од релативно скромен, па сè до 50%, зависно од видот на хонорар.
Постојат неколку вида хонорари:
- Авторски хонорари од продажбата на снимена музика, како што се ЦД-а или дигитални преземања. Овие хонорари ги исплаќаат издавачките куќи.
- Исполнувачки хонорари, кои ги собираат организации за исполнувачки права како што, во САД, се SESAC, BMI, ASCAP и PRS и нив ги исплаќаат радиостаници и други места што емитуваат снимена музика, како и од организаторите на настаните (концерти и др.) кајшто настапува лицето.
- Хонорари за синхронизација, кога се работи за филмска или телевизиска музика. Тука хонорар добива и музичкиот издавач, покрај авторот.
Издавачите исто така ги поврзуваат новонапишаните дела од текстописците со соодветни музичари кои би ги исполниле, снимиле на носачи и изведувале на филмски звучни записи и реклами.
Кај пишаната музика во ноти, издавачот посредува во објавувањето на песнарки и партитури на авторите.
Поврзано
Белешки
Наводи
Надворешни врски