Постпанк

Постпанк (погрешно: пост-панк) — жанр во рок-музиката што произлегол од избувнувањето на панкот во 1970-те години со кој често се поврзува, но вообичаено е посложен и повеќе експериментален.[1] Следствено, постпанкот е важен за појавата на алтернативниот рок што се појавува во 1980-те. Многу од познатите групи во алтернативниот рок истакнале дека постпанкот извршил големо влијание врз нив.

На самиот постпанк огромно влијание има извршено музичката сцена од Германија со познатите групи како Kraftwerk и Tangerine Dream[2]. Германската музичка сцена била препознатлива по својот експериментален карактер како и по употребата на електронски инструменти во класична рок-средина. Под ова влијание, постпанкот се развивал во правец со побавно и посмирено темпо од тоа на панкот. Исто така, самите текстови на песните се помалку радикални и спорни, иако сепак ги одразуваат општествените проблеми од тоа време.[3]

Доаѓањето на Маргарет Тачер за премиер во Велика Британија во 1979, како и на Роналд Реган за претседател на САД во 1980 со нивните конзервативни политики предизвикуваат значајни и понекогаш бурни промени во овие две општества. Тоа ги вдахнало групите од постпанкот да прават музика со која ќе ги опишат овие промени. Во средината на 1980-те години постпанкот се развива во неколку оддвоени правци. Некои од нив продолжуваат со класичниот рок-шаблон со гитари и тапани, други пак ја отфрлаат традицијата и продолжуваат со комплетно електронска музика без гитари. Самиот развиток на технологијата довел до поголема пристапност на електронските инструменти (синтисајзери и семплери) што придонело за нивна поголема употреба од страна на музичарите. Други бендови пак ги спојувале афроамериканските музички правци (рапот) со рок-музика. Како резултат на ова се појавиле бендови како Бисти Бојс. Некои пак се навратиле на фолк музиката од 1960-те години под влијание на Боб Дилан и како резултат настанале бендови од типот на R.E.M. Пост панкот извршил и големо влијание на музика која ќе стане популарна во 1990-те години, особено на гранџот и бендовите од типот на Nirvana и Pearl Jam.

Попознати музичари и групи се: Joy Division, Talking Heads, Gary Numan, Killing Joke, Echo & the Bunnymen, The Replacements, Swans, Sonic Youth и R.E.M.

Наводи

  1. Erlewine, Stephen Thomas. „Post-Punk : Significant Albums, Artists and Songs, Most Viewed“. Allmusic. Посетено на 8 јули 2012.
  2. HARBINGER OF GLOOM MORE ANGST-LADEN CHANTS FROM MORRISSEY Buffalo Evening News 22 љприл, 1994
  3. Masters, Marc (2008). No Wave. New York City: Black Dog Publishing. стр. 9. ISBN 1-906155-02-X.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!