451
|
Во Калцедонија започнал Четвртиот вселенски собор.
|
1600
|
Сан Марино го усвоил привиот пишан устав во историјата со што станал првата уставна република.
|
1793
|
Во Париз за јавноста бил отворен музејот „Лувр“ кој дотогаш бил кралски дворец.
|
1893
|
Вилхелм Конрад Рентген ги открил таканаречените рендгенски зраци.
|
1942
|
Втора светска војна: Почнало големото истоварување на сојузничките трупи во Африка. Главен командант на операцијата бил генералот Двајт Ајзенхауер.
|
1944
|
На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на село Орман - село Бразда, кои се обидуваа да ја заземат комуникацијата Скопје - Качаник и да го овозможат сообраќајот на германските сили.
|
1967
|
Во Боливија е убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествуваше во Кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки.
|
1979
|
Основана Галеријата на икони во Прилеп — една од најзначајните збирки на духовна уметност во Македонија.
|
1991
|
Собранието на Хрватска донело одлука за раскинување на државно-правните врски со СФРЈ со која Хрватска станала независна држава. Ден на независноста на Хрватска.
|
1995
|
Руската воена врховна команда најави дека ќе ги насочи своите јадрени ракети кон Полска и Чешката Република доколку овие две земји му се приклучат на НАТО.
|
2005
|
Катастрофален замјотрес во Кашмир, Пакистан. Официјално загинале 87.350 лица, но според некои проценки, бројот на жртвите може да е поголем од 100.000.
|