4 Non Blondes ― поранешна американска рок-група од Сан Франциско,[1] активна од 1989 до 1994 година.[2] Нивниот единствен албум, Bigger, Better, Faster, More!, поминал 59 недели на Билборд 200 и во периодот од 1992 и 1994 година бил продаден во 1,5 милион примероци. По објавувањето на вториот сингл од албумот, „What's Up?" во 1993 година тие се пласирале на топ-листата за синглови.[2] За песната „What's Up?“ ја освоиле наградата „Најдобар меѓународен хит“ на Данските музички награди.
На почетокот 4 Non Blondes била женска група, составена од пејачката Линда Пери, басистката Криста Хилхаус, гитаристката Шауна Хол и тапанарката Ванда Деј.[3] Но, пред објавувањето на албумот Деј била заменета со тапанарката Даун Ричардсон, а Хол била заменета со гитаристот Роџер Роча.
Пери ја напуштила групата во 1994 година, по што таа набргу се распаднала.
Членови
- Линда Пери – пејачка, ритам гитара (1989–1994, 2014)
- Криста Хилхаус – бас, придружни вокали (1989–1994, 2014)
- Шауна Хол – Водечка гитара (1989–1992)
- Ванда Деј – тапани (1989–1991; починати 1997)
- Дон Ричардсон – тапани (1991–1994, 2014)
- Луис Метојер – Водечка гитара (1992)
- Роџер Роча – водечка гитара, придружен вокал (1992–1994, 2014)
- Џејмс Менки – Водечка гитара (1994)
Наводи
Надворешни врски