По победата на Наполеон, големите сили го свикале Виенскиот конгрес. Одлуките што биле донесени, на Европа и обезбедиле мир, но неколку децении не го решиле прашањето на малите народи, жртвувани за да се наградат големите сили.
Во Виена и Мирцштег почнал состанокот помеѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот цар Франц Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како „Мирцштешка реформска програма“, донесени на 2 октомври 1903 г. Со овие реформи, иако битно не се изменила состојбата во Македонија, дале придонес за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи.