2 декември — 336-иот ден во годината според грегоријанскиот календар
(337-и во престапна година). Остануваат 29 денови до крајот на годината.
Настани:
1772
|
Основано Кралското физиографско друштво во Лунд, Шведска.
|
1804
|
Наполеон Бонапарт е крунисан за цар на Франција.
|
1805
|
Наполеон Бонапарт ги победил руските и австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чешка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги поразила сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Франц II утредента склучил примирје со Наполеон. Аустерлиц подоцна станал поим за брза победа.
|
1942
|
Во Чикаго за првпат практично бил остварен процесот на јадрено цепење. Експериментот успешно го извеле научниците кои работеле на тајниот проект за производство на првата атомска бомба.
|
1946
|
По борбата што се водела помеѓу македонските партизани и грчката владина војска на патот Лерин - Песодер, грчките власти започнале со терор во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење и пустошење. Запалиле 46 трла, плевни, воденици, ѕверски мачеле 28 невини Македонци.
|
1956
|
Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истовариле на Куба и започнале борба, која завршила со соборување на диктаторскиот режим на Баиста.
|
1993
|
Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
|
1997
|
Во Новокузнецк, од експлозија на метан во рудникот за јаглен Зирјановскаја, загинале 61 рудар.
|
Родени:
Починале:
Празници: