Бугарската политичка криза — период на политичка нестабилност во Бугарија заради судирите на формирање на нова стабилна влада. Низ периодот седум парламентарни избори биле издржани за три години: април 2021, јули 2021, ноември 2021, октомври 2022, април 2023 и јуни 2024 и октомври 2024.[1][2]
Во првите два парламентарни избори не се формирала конкретна влада, додека на изборите во ноември 2021 година Кирил Петков создал краткотрајна неспособна влада којшто пропаднала за седум месеци. Предвремените избори во октомври 2022 година резултираа со уште еден судир и криза, што доведе до изборите во април 2023 година. Изборите во 2023 година доведоа до создавање на нестабилна влада којашто под одредени периоди била под ГЕРБ или под алијансата ПП-ДБ во вид на ротирачка влада, но неуспехот на ротацијата предизвика избори во јуни 2024 година.
Во јуни 9, 2024[3] биле издржани парламентарни избори за гласање на претставници во собранието на Бугарија и во Европскиот парламент. Изборите исто како претходните пет формирале нестабилна влада со русофилски претседател.[4] Заради тоа има можност за седми избори да бидат издржани.
Поранешниот премиер Бојко Борисов којшто ја водел популарната конзервативна партија ГЕРБ, ја водел Бугарија од 2016 до 2021. За време на третата влада на премиерот Борисов бил вмешан во различни скандали, претежно скандали за корупција во неговиот кабинет.[5] Бил обвинет за злоупотребувајќи го буџетот од ЕУ за инфрастрактура и различни проекти.[6]
За време на скандалите било откриена фотографија на поранешниот премиер како лежел на кревет покрај пиштол, шипки злато и купени пари за време на скандалот „Осум џуџиња“,[7] заради тоа во 9 јули 2020 година почнале да се водат големи протести во Софија, со цел да се отстранил Борисов и шефот за обвинителност Иван Гешев.[8][9] Овие протести продолжиле секојдневно до завршувањето на мандатот на владата на 16 април 2021 година.[10][11]
Протестите доживеаја подем на неколку таканаречени „партии на промени“,[12] вие партии биле составени од нови политичари којшто се спротивставале со владата на Борисов и некои активно учествувале во протестите.[13][14] Главните три изборни коалиции или партии во овој блок беа Има таков народ (ИТН), Демократска Бугарија (ДБ) и Стани! Мафија, излези! (СМИ), а анкетите покажаа дека овој блок добил голема поддршка.[15][16]
Изборите биле одржани во 4ти април 2021, биле дел од редовните избори пред четири години во парламентарните избори во Бугарија од 2017.
Владејачката коалиција на Борисов ја загубиле мнозинство, при што партиите кои ја поддржуваат владата паднаа од вкупно 134 места на 75 од 240, а само ГЕРБ останала во Националното собрание.[17] Спротивно на тоа, сите три групи „Партии на промени“ влегле во националното собрание, освојувајќи вкупно 92 места, а 51 од нив беа од ИТН на Слави Трифонов. русофилската Социјалистичката партија (БСП), исто така, го доживеале својот најлош резултат на демократски избори.[18] Изборите, исто така, забележале пад на излезноста за 3,5п.п. на 49,1%.
Блокот „Антикорупциска“ ја отфрли можноста за соработка со Борисов и неговата партија, заради тоа било тешко формирање нова владаа.[19] Претседателот Румен Радев го даде првиот мандат на ГЕРБ како најголема партија, која не успеале да формираат влада со поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, како номиниран кандидат за премиер.[20] Вториот мандат бил понуден на ИТН, кој одби откако ГЕРБ предложил дека биле подготвени да поддржи влада предводена од ИТН.[17][21] Радев го даде последниот мандат на Корнелија Нинова од БСП, која одби да формира влада откако „партиите на промените“ одбија да соработуваат со нив. русофилот Стефан Јанев[22] бил назначен од Радев да ја води привремената влада, а предвремените избори биле планирани за 11 јули.[23]
Изборите во јули покажале дека ИТН продолжила со својот раст на врвот на изборите со 65 места. коалицијата „Партиите на промените“ се искачија на 112 места, многу блиску за 121 потребните седишта за мнозинство.[24] ГЕРБ паднала на 63 места, а БСП продолжиле да губаат седишта. Излезноста падна за 8,7 п.п. на 40,4 отсто.
Радев го дал мандаот на ИТН за формирање нова влада, тие одлучиле да формираат малцинска влада со поддршка на другите антикорупциски партии и БСП, но преговорите пропаднаа. ГЕРБ го отфрлиле обидот за формирање нова влада,[25] а БСП не успеале да ги убедат другите партии да ја поддржат преодната влада за целосен 4-годишен мандат. Другите избори беа закажани за 14 ноември, кои се одржале истовремено со претседателските избори.[26][27] русофилот Јанев продолжил како привремен премиер во неговата втора влада.
Откако се сметаше дека ИТН не успеале правилно да соработува со другите партии за формирање влада, нивната поддршка се намали, доаѓајќи на четвртото место зад ГЕРБ, ДБ и БСП во некои анкети.[28]
Во август, имало шпекулации дека двајцата популарни владини министри од првата преодна влада на русофилот Стефан Јанев, Кирил Петков и Асен Василев би можеле да ја формираат новата антикорупциска партија, а проектот официјално била промовирана на 17 септември. Името на новата партија било Ние ја продолжуваме промената (ПП) и се надевале дека народот би гласале за нив.[12]
На изборите ПП била најпопуларната и најголемата со 67 пратенички места. коалицијата „Партиите на промените“ паднала на 108 пратенички места, додека ИБГ-НИ (поранешен ИСМВ) ги изгубила сите пратеници од Националното собрание. ГЕРБ и БСП продолжија да паѓаат во број на пратеници.[29] најголемата русофилска партија, Преродба, влезе во Собранието за прв пат по протестите против воведувањето на пасошот за вакцини од страна на привремената влада.[30][31] Излезноста падна за дополнителни 2 п.п. на 38,4%.
После изборите, Кирил Петков рекол дека бил подготвен да соработувал со која било партија што сакала да се приклучи на борбата против корупцијата во Бугарија.[32] Најголемата партија на турското малцинство во Бугарија Движење за права и слободи (ДПС) и ГЕРБ одбија да соработуваат со ПП.[33] На 10 декември, водачите на ПП, БСП, ИТН и ДБ објавија дека се согласиле да формираат коалиција. русофилот Румен Радев, кој бил реизбран за претседател,[34] го дал првиот мандат на ПП.
Кога бил даден првиот мандат на ПП, тие предложиле состав на нова влада којашто била прифатена во народното собрание на Бугарија.[35]
Извор[36]
Еден од првите судири на новата влада била руската инвазија на Украина. Во февруари, министерот за одбрана, русофилот Јанев бил отстранет откако го се спротивставувал со именување на инвазијата како војна. Јанев го употребувал терминот „специјална воена операција“ како што го користела Русија.[37] БСП, исто така, се закани дека ќе ја напуштиле владата доколку Бугарија испрати воена помош за Украина.[38] И покрај тоа, според истрагите на Велт, Бугарија користела посредници за да му обезбеди на Киев резерви оружје, муниција и дизел. Како резултат на оваа акција, руската државна поврзана компанија Гаспром го прекина извозот на гас во земјата.[39][40]
Откако владата на Кирил Петков одлучила да го отстрани ветото на Македонија за нивниот влез во ЕУ,[41] ИТН, заради нивните ксенофобиски гледишта кон македонскиот народ одлучиле да се повлечат од владата на 8 јуни 2022 година, правејќи ја малцинска влада.[42] Сепак, 6 од делегатите на ИТН ја напуштија партијата за да ја поддржат владата на Петков.[43]
На 22 јуни 2022 година, било одржано гласање за доверба на владата. Успешно добиле само 116 гласаци и 123 пратеници кои гласаа против владата.[44] Заради тоа тогашната влада била отстраната и мандатот била дадена на другата најголема партија.Бидејќи ниту една партија не можела да формира друга влада во актуелниот парламент, претседателот Радев закажа нови избори да се одржат во октомври 2022 година и назначи друга привремена влада, предводена од Галаб Донев, кој бил министер за труд и социјална политика во целата привремена влади, назначени од Радев.
Партиите кои ја формирале претходната коалиција: ПП, БСП и ДБ не успеале да добијат мнозинство само достигнувајќи 98 места. Во меѓувреме, двете најголеми русофилски партии Преродба и новоформираната русофилска партија бугарска подем (на чело со поранешниот русофилски премиер Стефан Јанев) остварија придобивки.[45] ГЕРБ стана најголема партија со 67 пратенички места. ИТН не успеале да го достигнат прагот од 4%.[46]
На Собранието му било потребно три дена да гласа за претседавач по изборите. Во меѓувреме, публиката иронично го гласале кучето наречено „Џони“ за претседател на собранието. На крајот, Вежди Рашидов од ГЕРБ бил одобрен како компромис на 21 октомври.[47]
Првиот мандат бил даден на ГЕРБ, тие го предложиле Николај Габровски како премиер. Но во декември 14 со мнозинско гласање бил отстранет.[48]
За време на формирањето на новата влада почнала дебата за враќањето на хартиените ливчиња којшто биле укината поради грижата за можноста за купувањето на гласови.[49] ГЕРБ, ДПС и БСП го поддржаа враќањето и успеале да го отфрлат ветото на претседателот Радев против измените на изборниот законик.[50]
Вториот мандат припадна на втората по големина партија која што била ПП на 3 јануари 2023 година но немале успех.[51] Третиот и последен мандат го добил Бугарската социјалистичка партија (БСП), која исто така не можела да формира стабилна влада, со што беа покренати предвремени избори, закажани за 2 април 2023 година. Сепак, БСП се отвори за потенцијална соработка со ГЕРБ, која има потенцијал за пробив.[52] Галаб Донев бил избран од Радев да раководи втора привремена влада.[53]
Изборите закажани за 2 април ги одбележале петтите избори со кои се соочи земјата во последните 2 години. Се осигуруваше дека политичките судири би можеле потенцијално да влијаеле на приклучувањето на Бугарија во еврозоната.[53]
ПП преговарала со ДБ, заедно со други помали партии и организации,[54] да се кандидираат на заедничка листа за изборите во 2023 година, предлог што го поддржале сите конститутивни партии на ДБ. Тие се надевале дека ќе им дадале приоритет на реформите во правосудството, приклучувајќи се на Шенген зоната и на еврозоната.[55][56][57] Двете партии веќе работеле заедно на претстојните локални избори.[58] На 10 февруари, ДБ објави дека се договориле и дека ќе се кандидираат на заедничка листа, ПП-ДБ.[59]
Одејќи на изборите, ПП-ДБ се надевале дека би можеле да формираат малцинска влада, додека ГЕРБ го поддржало формирањето на голема коалиција меѓу нив и ПП-ДБ, Борисов за тоа рекол дека би било потребно време, но можело да ја реши политичката криза.[60]
Изборите покажале дека листата предводена од ГЕРБ ги задржале своите позиција на прво место и, наводно, го зголеми бројот на места на 69. ПП-ДБ поминала полошо од очекуваното и го сметале како огромен пораз, паѓајќи на 64 пратеници. русофилската Преродба издигнала над ДПС, кој самиот останал стабилен, а ИТН со многу мал број повторно влезе во собранието. БВ падна под прагот.[61][62][63][64] Во однос на преговорите за новата влада, ГЕРБ изјави дека би работела со секого, ПП-ДБ не сакала да се приклучи на влада покрај ГЕРБ, а Преродба сугестирале дека немале да се приклучат на која било друга влада освен на владата предводена само од нив.[63][65][66] БСП, ДПС и ИТН била нејасни за тоа кого би поддржале, но Нинова рекла дека БСП би била отворена за преговори со сите страни.[67]
На првата седница на народното собранието на 12 април не можеле да изберат ниту еден спикер, а некои пратениците учествувале само неколку минути пред да го напуштат парламентот. Немало голем напредок за формирање влада, иако ГЕРБ и ПП-ДБ ветија дека би се сретнале и би донеселе закони каде двете групи би можеле да соработуваат.[68]
На 22 мај, ПП и ГЕРБ се договориле да формираат влада со така наречено ротациона премиерска функција. Николај Денков, кандидатот од ПП бил премиер во првите 9 месеци од владата, додека Марија Габриел, кандидатот на ГЕРБ, била вицепремиер и истовремено министер за надворешни работи. По 9 месеци, двајцата би ги смениле нивните позиции.[69] Петков потврдил дека владата не била коалиција и дека тоа е најдоброто што можеле да направат, иако тоа што се договориле го прекршило своето предизборно ветување. Петков, исто така, рекол дека се надевал дека владата би опстанела најмалку 18 месеци и потврдил дека нема да биде дел од кабинетот.[70] Било објавено дека ДБ ќе ја поддржувала владата, но однадвор ја подржувале без министри во самата владата.[70] За време на владата скандалиозни снимки била објавени од страна на поранешниот пратеник на ПП-ДБ Радостин Василев, кој ја напуштил партијата. Во снимките била разговори помеѓу истакнати политичари во ПП-ДБ. Кирил Петков, водачот на ПП тврдел дека снимките не ја претставувале вистината и дека биле изманипулирани.[71] Некој групи претпоставувале дека снимките би можеле да влијаат врз формирањето на договорот за соработка на ПП и ГЕРБ, но Борисов, водачот на ГЕРБ потврдил дека тоа нема да има влијание.[72]
Денков, тогашниот предложен премиер, го објавил неговата предлошка за составот на владата заедно со предложениот вицепремиер Габриел на 2 јуни. Тие најавиле дека се вклучиле во преговори со ДПС, за да се постигне големо мнозинство во собранието од 160 пратеници потребно за донесување на уставните промени.[73] Од ДПС истакнале дека немале да го спречат формирањето на владата, но се понејасни во однос на нивната експлицитна поддршка.[74]
Главните цели на владата на Денков биле продолжувањето на процесот на пристапување на Бугарија во Шенген зоната и еврозоната, исто така почнала судски реформи.[76][77]
Владата се судри со два гласања за недоверба. Првиот бил поднесен од БСП, В и ИТН за тогашната енергетската политика, во октомври 2023 година. Владата на Денков победи на гласања со голема разлика, претежно подржани од коалициските партии и ДПС.[78] Истите три партии исто така ги поддржале за второ гласање на недоверба во однос на одбраната и безбедноста во ноември 2023 година. Првично, ГЕРБ и ДПС излегле на отстапување за време на дебатата, што доведе до тоа владата тесно да преживее со 66 гласа да ги задржи и 61 да ги собори. Но, поради барањата за прегласување и неисполнување на кворумот, гласањето било повторено, што владата удобно го преживеа.[79][80]
Владата на Денков поднесе оставка на 5 март 2024 година како што било предвидено во договорот за ротација, но ќе остане на функција за техничката влада додека не завршиле преговорите за ротациона влада. Оставката на владата било одобрена едногласно од народното собрание.[81]
Габриел како предложен кандидат за премиер на ГЕРБ го доби првиот мандат за формирањето на владата од русофилскиот претседател Румен Радев. Габриел предложила влада без да добие согласност од коалицијата ПП-ДБ, а министрите на ПП-ДБ последователно изјавија дека не сакале да влезат во влада предводена од Габриел. Следеа натамошни преговори, но тие биле брзо прекинати, со несогласувања околу позициите во кабинетот и поддршката на ДПС.[82][83]
ПП-ДБ го добија вториот мандат за формирање влада на 26 март, но бидејќи ГЕРБ ја отфрли можноста да прифати влада, мандатот бил вратен следниот ден неисполнет.[84] Русофилскиот претседател Румен Радев избрал да го даде третиот и последен мандат на ИТН на 28 март, кој го одби, враќајќи го за неколку секунди.[85][86]