Румен Георгиев Радев (18 јуни 1963) — бугарски генерал-мајор на армиските резервисти и претседател на Бугарија од 22 јануари 2017. Радев претходно служел како командант на бугарските воздухопловни сили. Тој победил на претседателските избори во 2016 како независен кандидат поддржан од Социјалистичката партија, остварувајќи победа на кандидатот на ГЕРБ Цецка Цачева во вториот круг.
Румен Радев е роден на 18 јуни 1963 година во Димитровград, Бугарија. Во 1982 завршил математичко училиште во Хасково со највисоки оценки. Во 1987 дипломирал на универзитетот за воздухопловство „Георги Бенковски“ како првенец на генерацијата. Во 1992 бил на неколкунеделна обука во САД, а во периодот 1994–1996 учел на воената академија „Георги Раковски“ каде исто така бил првенец на генерација. Радев има докторска дисертација за воени науки во полето на тактичка обука на авионски екипи и симулирање воздушна борба. Во 2003 завршил колеџ за воздухопловство во САД и се стекнал со титулата магистер за воени стратегии.[1]
На претседателските избори во 2016 Радев настапил како независен кандидат поддржан од Социјалистичката партија.[2] По првиот круг од изборите, Радев бил прв со освоени 25.44% од гласовите. Во вториот круг ја победил Цецка Цачева од ГЕРБ, освојувајќи 59.37% од гласовите.[3] На функцијата претседател на Бугарија стапил на 22 јануари 2017 година.