Рафаел Надал е бранител на титулата, но тој беше поразен во финалето од Новак Џоковиќ со резултат од 6–2, 6–4, 6–7(3–7), 6–1. Џоковиќ ја освои првата титула на УС Опен, негов трет Гренд Слем оваа година и четврт во неговата кариера. Забележително, како и на Ролан Гарос порано оваа година, првите четири носители стигнаа до полуфинале.