Давид Налбандијан (шпански: David Nalbandian) — аргентински тенисер, роден на 1 јануари 1982. Моментално се наоѓа на 23 место според АТП листата.
Професионалната кариера ја започнал во 2000 година. Во 2001 година за првпат влегол во топ 50 најдобри тенисери во светот. Во 2002 година бил најдобар тенисер во својата земја. Тој има освоено две АТП титули, а учествувал на Вимблдон во финале, каде бил поразен од страна на Лејтон Хјуит.
Тој е еден од ретките тенисери кои имаат позитивен биланс во меѓусебните двобои со Рафаел Надал.
Наводи