21 ноември - Кралот Ерик Х е крунисан, што е првото познато крунисување на шведски крал. Кратко потоа, се оженил со данската принцеза Рихеза Данска, со цел да ја зајакне својата врска со данскиот крал Валдемар II Дански.
Кралот Јован Безземниот подига £ 100,000 од црковниот имот како извонредна фискална такса. Операцијата е опишана како „непроценлива и неспоредливо изненадувачка“ од современи извори[1].
Била организирана Детска крстоносна војна, која веројатно бил измислен настан. Се смета дека дошло до собирање на деца од Франција и Германија, но ниту едно од децата не стигнало до Светата земја, бидејќи оние кои не умреле од глад на патувањето, биле продадени како робови.
Лето - Кралот Алфонсо VIII Кастилски ги опколува војниците на Алмохадите во Баеза. Гладот на полуостровот е таков што ниту армијата не може да се бори.
Во своите походи во Лаодонг, монголскиот војсководец Мухали командува со новоформираната киданско - кинеска армија и специјален корпус од 12.000 кинески помошни трупи.
Во јуни кралот Јован под притисок на бунтовничките барони бил принуден да ја потпише Големата повелба за правата (латински: Magna Carta Libertatum). Со неа се ограничела моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија.
21 мај - Првата баронска војна: Принцот Луј, идниот крал Луј VIII, ја напаѓа Англија за поддршка на бароните, пристигнувајќи во Танет. Влегувајќи во Лондон без отпор, тој е прогласен, но не и крунисан, за крал на Англија во катедралата Свети Павле.
12 ноември - Вилијам Маршал и папскиот легат во Англија издаваат Повелба за слободи, врз основа на Големата повелба, во името на новиот крал на Англија. Со неа се ограничила моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија
6 јуни - Кралот Енрике I Кастилски умира на возраст од 13 години, од паѓањето на една ќерамида во Паленсија, настан кој неговиот регент се обидува да го скрие. Сестрата на Енрике, Беренгела I Кастилска го наследува на престолот.
24 август - Прва баронска војна: Во Битката кај Сандвич во Ламанш, англиските сили ги поразуваат француските, а францускиот платеник Јустас е фатен и обезглавен.
12 септември - Првата баронска војна во Англија е завршена со договорот од Ламбрет. Французите и Шкотите треба да ја напуштат Англија, а амнестијата им се дава на бунтовниците.
20 септември - Потпишан е Договорот од Ламбет, кој го ратификува Договорот од Кингстон.
Сава Немањиќ ја осамостоил српската црква на ранг на архиепископија.
Наводи
↑Ferris, Eleanor (1902). „The Financial Relations of the Knights Templars to the English Crown“. American Historical Review. 8 (1).
↑ 2,02,12,22,3Linehan, Peter (1999). David Abulafia (уред.). The New Cambridge Medieval History c.1198-c.1300. Chapter 21: Castile, Portugal and Navarre. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 668–671. ISBN0-521-36289-X.
↑ 3,03,13,23,33,4Palmer, Alan; Veronica (1992). The Chronology of British History. London: Century Ltd. стр. 77–79. ISBN0-7126-5616-2.
↑Dell'Umbria, Alèssi (2006). Histoire universelle de Marseille. De l'an mil à l'an deux mille. Marseille: Agone. стр. 27. ISBN2-7489-0061-8.
↑Williams, Hywel (2005). Cassell's Chronology of World History. London: Weidenfeld & Nicolson. стр. 133–135. ISBN0-304-35730-8.
↑Picard, Christophe (2000). Le Portugal musulman (VIIIe-XIIIe siècle. L'Occident d'al-Andalus sous domination islamique. Paris: Maisonneuve & Larose. стр. 110. ISBN2-7068-1398-9.
↑Butkevičienė, Birutė; Vytautas Gricius (July 2003). „Mindaugas — Lietuvos karalius“. Mokslas ir gyvenimas (литвански). 7 (547). Архивирано од изворникот на May 23, 2007. Посетено на 2007-05-30.
Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!