Династијата потекнува од Ибн Тумарт[10][11][12][13][14], кој бил член на берберското племе кое потекнува од регионот на планината Атлас. Ибн Тумарт бил син на свештеник, и како мал бил познат по својата побожност. Како мал тргнал на аџилак кон Мека. Пристигнал во Багдад каде се приклучил на ортодоксниот ислам каде на чело се наоѓал Ал Ашир. Тој всушност сам се стекнал со своето учење односно создал посебна идеологија комбинирајќи го учењето на Ал Ашир. На некој начин тој бил против антропоморфизот во муслиманската ортодоксија.
Основање
Кога се вратил во Мароко, Ибн Тамарт имал 28 години. Тој се занимавал со проповедање. Жестоко се спротивставувал на продажбата на вино и други луксузни стоки кои биле спротивни на исламските учења. Бил толку храбар што ја нападна сестрата на алморавидскиотемир Али Ила. По ова, емирот му дозволил да ја одбегне казната.
Тој се засолнил кај својот роднина Масмуд кај планината Атлас. Овде се сретнал со еден Бербер од Алжир по име Абд ал Мумин, кој бил војник и висок државник. Со основање на војска, во почетокот тој претрпел пораз во борбата со Алморавидите. Починал во 1128 година. Во 1130 година Абд ал-Мумин воспоставил своја власт, од каде започнале и успешните војни со Алморавидите.
Во 1147 година бил заземен градот Маракеш во Мароко. Во 1148 година ја зазел Кордоба, во 1154 година Гранада. Преку овие освојувања се прогласил за халиф. До неговата смрт, неговите територии се протегале од цела Северна Африка до Египет, ја имал заземено и Маварска Шпанија односно ел-Андалус. Негов наследник бил синот му Абу Јакуб Јусуф (влаеел во периодот од 1163-1184) и Јакуб ал-Мансур (1184-1199). Севиља во 1163 година станала престолнина на ел-Андалус.
Наследник на Ал-Мансур бил Мухамед ал-Насир (1199-1214). Во 1212 година доживеал тежок пораз од страна на Кралство Кастиља, Кралство Арагон, Кралство Навара и Португалија. Тој пораз го означил пропаѓањето на династијата. Набргу доживеал нови порази од страна ан христијаните на Пиринејскиот Полуостров. Во 1236 година била изгубена Кордоба, во 1248 година Севиља. По ова, како единствена маварска држава останала Гранада. Истото се слуќувало и во Северна Африка. Династијата започнала да ги губи своите територии и таму. Нивни најголеми непријатели им биле Маринидите, кои ја основале следната мароканска династија. Последен емир бил Ирдис Ил, кој го поседувал само Маркеш а во 1269 година бил убиен од страна на негов роб.
↑Turchin, Peter; Adams, Jonathan M.; Hall, Thomas D (December 2006). „East-West Orientation of Historical Empires“. Journal of World-Systems Research. 12 (2): 222. doi:10.5195/JWSR.2006.369. ISSN1076-156X.