1675
|
Готфрид Лајбниц за првпат применил интегрално сметање за да ја пресмета површината под кривата y = x. Но бидејќи не ги објавил своите идеи сѐ до 1684, некои сметаат дека ги присвоил од Њутн.
|
1855
|
Токио го зафатил катастрофален земјотрес во кој загинале 106.000 луѓе.
|
1887
|
Погубени се анархистите наречени „Хејмаркетски маченици“: Огаст Спајс, Алберт Парсонс, Адолф Фишер и Џорџ Енгел.
|
1889
|
Вашингтон е примен како 42. сојузна држава на САД.
|
1918
|
Јозеф Пилсудски влегува во Варшава и Полска повторно станува независна држава.
|
1943
|
Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска ударна бригада. Таа била формирана од баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон „Рамиз Садику“, Вториот косовски баталјон „Борис Вукмировиќ“ и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето, бригадата имала 700 борци и го добила називот ударна.
|
1944
|
Втора светска војна: Ослободено е Куманово.
|
1944
|
Во центарот на Гостивар албанските балисти стрелале шестмина македонски приврзаници на народно-ослободителното движење: Киро Ристовски - Дрнц, Васил Пејчиновски, Баренко Георгиевски, Изре Зафировски, Сократ Павловски и Павле Петрески.
|
1963
|
Во Скопје излегол првиот број на дневниот весник „Вечер“.
|
1965
|
Белото малцинство ја прогласило Родезија за независна држава.
|
1973
|
На 101-от километар на патот Каиро - Суец, потпишана е спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Египет. На тој начин официјално завршиле воените операции во „Октомвриската војна“ на Блискиот Исток.
|
1990
|
Во Социјалистичка Република Македонија се одржале првите слободни повеќепартиски избори.
|
1995
|
Во Брисел, шеснаесетте земји членки на НАТО му дадоа „зелено светло“ на предлогот на Политичкиот комитет Република Македонија да биде 27. потписничка на програмата „Партнерство за мир“.
|
2006
|
Во Малме, Шведска, е устоличен Владиката Пимен, осми по ред член на Синодот на МПЦ, на кого му е доделена Европската епархија.
|