Стефан Урош III, познат како Стефан Дечански (ок. 1285 – 11 ноември 1331) — српски крал, син на Стефан Урош II Милутин.
Младост
За време на неговата младост, неговиот татко бил приморан да го испрати како заложник на татарскиот кан Ногај, кај кого останал до 1299. Од 1309 година станал управник на Зета. Во 1314 година, учествувал во неуспешната побуна на аристократијата од Зета против Милутин. Стефан Дечански бил заробен, делумно ослепен и изгонет во Цариград, каде што останал под заштита на Андроник II. Пред смртта, Милутин дозволил Стефан Дечански да се врати во Србија.
Владеење
Стефан прво се оженил со Теодора, ќерката на бугарскиот цар Смилец. После, нејзината смрт се оженил по вторпат, со Марија Палеологина, ќерката на паниперсевастот Јован Палеолог. За време на граѓанската војна во Византија помеѓу Андроник II и Андроник III, Стефан го поддржал стариот император. Како резултат на тоа, Стефан се нашол во опасна ситуација по поразот на Андроник II во 1328, а особено откако Андроник III формирал сојуз со бугарскиот цар Михаил III Шишман. Сепак, истата година Стефан успеал да ја победи бугарската армија кај Велбужд.
Набрзо потоа, Стефан Дечански бил заробен од неговиот син Стефан Душан и одведен во Звечан, каде наскоро починал.