Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Шкрапари (Σκραπάρι) во 1910 г. имало 10 македонојазични семејства.[8]
Според Георги Константинов Бистрицки, чифликот Шкрапар пред Балканските војни имал 8 макдонски куќи,[4][9] а според Георги Христов покрај македонските, имало и една влашка.[10]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Шкрапари имало 6 куќи, од кои 3 на Македонци и 3 на погрчени Македонци или погрчени Власи.[11] Според сеќавањето на мештаните, дојденците биле од подрачјето на Грамошта, особено селото Дреново.[12]
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано до грчка војска и во 1913 г. влегло во составот на Грција. Таа година населението броело 46 жители. Во 1920 г. во Шкрапари попишани се 48 лица.[13]
Во 1928 г. селото е преименувано во Аспронери. Таа година е забележано со 114 жители поради доселување на неколку семејства од околните села.[13]
За време на Граѓанската војна селото силно настрадало и населението се преполовило.[13] 26 деца од Шкрапари се изнесени преку границата како деца-бегалци.[14]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
114
57
77
51
49
46
23
17
14
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
Георги Христов (1876- 1964) — македонски револуционер и роднокраен истражувач
↑Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις «Αυγής Αθηνών», Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 135. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
↑Бистрицки (1919). Българско Костурско(PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.