Керасово (грчки: Κεράσοβο) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција.[1]
Селото се наоѓало на 3 км на југ-југоисток од Лошница, на југозападните падини на планината Мурик. Лежела на истоимената река Керасово, лева притока на Лошничка Река (Порос).[1]
Селото во минатото било македонско. Од него е останата само црквата „Успение на пресв. Богородица“, изградена врз темелите на ранохристијанска базилика. Во околината е откриена и античка градба (можеби храм) и сводеста христијанска гробница, а има и траги од античка и средновековна населба. Откриени се антички и византиски монети. Според месното предание седиштето на Шишанската митрополија се наоѓало во средновековната населба Керасово сè до IX век, кога е преместено во Шишани, каде останало до 1699 г.[1]