Шван

Шван
Црква во Шван
Црква во Шван
Црква во Шван
Грб на Шван
Шван во рамките на Германија
Шван
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Росток
Месна заед. Шван
Градоначалник Петер Фајкс
Основни податоци
Површина 38,28 км2
Надм. височина 4 м
Население 5.070 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 132 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LRO
Пошт. бр. 18258
Повик. бр. 03844
Портал www.amt-schwaan.de
Местоположба на градот Шван во рамките на округот Росток
Карта
Карта
Координати 53°56′N 12°6′E / 53.933° СГШ; 12.100° ИГД / 53.933; 12.100

Шван (германски: Schwaan) — град во округот Росток, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија

Шван се наоѓа во долниот тек на реката Варнов помеѓу градовите Росток, 17 километри на север, и Гистров, 20 километри на југ. Областа околу градот е прилично рамна и едвај надминува 50 метри на некои места.

Околните села Бандов, Дорф Тачов, Хоф Тачов и Лечов припаѓаат на самиот град.

Историја

Областа околу Варнов првично била населена од Словените, чие присуство сè уште може да се забележи преку топонимите. Шван е спомнуван како град во документите од 1276.

Во 1765 голем пожар го уништил целиот град, освен црквата Св. Павле и воденицата. Градот бил повторно изграден во класичен стил, особени градските куќи кои може да се видат и денес.

Во XIX век, Шван бил мал град, но изградбата на железничката линија од Хамбург до Росток во 1850 донела економски развој. Градското собрание било изградено пет години подоцна во неоготски стил.

Со доаѓањето на железницата, градот станал место за одмор на жителите на Росток. Во 1911 бил изграден санаториум за бели дробови, кој подоцна бил проширен во клиника за туберкулоза. Во 1928 била изградена првата речна бања во Германија, на реката Варнов.

Во текот на Втората светска војна, Шван не доживеал никакви штети од бомбардирањето, но мостот Варнов, изграден во 1828, бил уништен кратко пред крајот на војната.

Од повторното обединување на Германија во октомври 1990, историскиот центар на градот бил целосно обновен преку програмата за урбан развој на германската влада.

Наводи

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!