Крепелин (германски: Kröpelin) — град во округот Росток, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на 9 километри југозападно од Бад Доберан и 23 километри западно од Росток.
Крепелин првпат се појавил во документите во 1177 како Крапелин (Crapelin), населба со вендско потекло. Името на градот веројатно потекнува од словенскиот збор „крепелице“, кој означува место на препелица. Крепелин добил градски права во 1249.
Градот преживеал многубројни уништувачки пожари во текот на неговата историја, во 1377, 1560, 1580, 1738 и 1774.[2]
На почетокот на XIX век дошле Евреи во Крепелин. Еврејската заедница изградила гробишта надвор од градот во 1821. Во текот на погромот од 1938 биле осквернавени од нацистите и останале само руини. По Втората светска војна била поставена спомен-плоча за оние членови на еврејската заедница од градот, кои умреле во холокаустот. Во 2012, гробиштата биле предмет на бројни антисемитски напади.[3][4]
Наводи
Надворешни врски
Градови и општини во округот Росток |
---|
| |
|