Грал-Мириц (германски: Graal-Müritz) — општина и приморско одморалиште во округот Росток, во Мекленбург-Западна Померанија, во Германија.
Грал-Мириц се наоѓа меѓу најпопуларните германски туристички одредишта, како и за лечење и одмор. Излегува на Балтичкото Море, а околу него се протега голема шума. Во општината има многу хотели, ресторани, голема плажа долга пет километри, простран јавен парк на родондендрони. Постојат возови на секој час до Росток, а патувањето трае триесетина минути.
Музеи
Грал-Мириц поседува сопствен музеј за локалната историја наречен Хајматштубе (Heimatstube). Во областа постојат неколку големи музеи, како Германскиот бродски музеј во Росток, Германскиот килибарен музеј во Рибниц-Дамгартен или Германскиот поморски музеј во Штралзунд.
Спорт
Локалниот спостски клуб Грал-Мириц настапува во покраинската лига. Плажата и околината се одлични места за пливање, шетање, велосипедизам, рибарство и трчање.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Градови и општини во округот Росток |
---|
| |
|