Шампањ (француски: Champagne) — поранешна покраина во североисточниот дел на Кралството Франција, сега најпозната како вински регион Шампања поради пенливото бело вино што го носи нејзиното име во денешна Франција. Округот Шампања, кој потекнува од раното средновековно кралство Австразија, преминал под француската круна во 1314 година
Порано управуван од грофовите на Шампања, неговиот западен раб е околу 160 км источно од Париз. Градовите Троа, Ремс и Еперне се трговските центри на областа. Во 1956 година, поголемиот дел од Шампања станал дел од францускиот административен регионШампањ-Арден, кого го сочинувале четири департмани: Арден, Обе, Горна Марна и Марна. Од 1 јануари 2016 година, Шампањ-Арден се споил со соседните региони Алзас и Лорен за да го формира новиот регион Голем Исток.