Алзас (француски: Alsace) или Елзас (алзашки: ’s Elsass; германски: Elsass/Elsaß; латински: Alsatia) — поранешен регион во Франција. Се наоѓа на североисточната граница на западниот брег на горниот тек на Рајна и се граничи со Германија и Швајцарија. Најважен политички, економски и културен центар на Алзас е градот Стразбур кој воедно е и главен и најголем град на регионот. Бидејќи тој град е седиште на десетици меѓународни организации и тела, Алзас е политички еден од најзначајните региони во Европската Унија.
Траги на името „Алзас“ се гледаат во горногерманскиот збор Ali-saz или Elisaz, што значи "туѓо царство".[3] Алтернативното објаснување потекнува од германскотоEll-sass, што значи „сместено на Ил“,[4] река во Алзас. Регионот историски припаѓал на Светото Римско Царство. Постепено се припоил кон Франција во тек на XVII век под власта на кралевите Луј XIII и Луј XIV како една од поранешните француски покраини. Алзас честопати се споменува сврзано со Лорена, поради тоа што германската припадност на овие два региона (како царска покраина Алзас-Лорена, 1871–1918) била оспорена во XIX и XX век, во тек на кои Алзас четири пати во тек на 75 години припаѓал последователно и на Франција и на Германија.
Иако историскиот јазик на Алзас е алзашки, регионален германски јазик, денес повеќето Алзашани зборуваат француски, службениот јазик на Франција. Околу 39% од возрасното население и веројатно помалку од 10% деца, течно зборуваат алзашки, така што во денешен Алзас за голем дел од населението може да се каже дека е двојазично.[5].
Географија
Топографија
Алзас покрива површина[6] од 8.283 км², или 1,5 % од површината на Франција со што е најмалиот од административните региони на континентална Франција. Тој речиси четирипати е подолг од неговата широчина, со местоположба во долината меѓу Рајна и планинскиот масив на Вогезите.
Од 1815, се граничи на север со реката Лаутер, на исток со Рајна, на југ со Швајцарија, на југозапад со регионот Франш Конте а на запад со Лорена.
Поделен е на два департмана: Горна Рајна и Долна Рајна (порано познати како Сундгау и Нордгау). Во регионот има неколку долини а највисока точка е Гран Балон во Горна Рајна, кој достига височина од 1426 m.
Клима
Алзас се одликува со планинска и полуконтинентална клима. Зимите се студени, летата се топли и има малку врнежи поради Вогезите кои го заштитуваат на запад. Градот Колмар has е вториот најсув град во Франција, со годишни врнежи од само 550 mm, со што е идеален за производство на алзашкото вино.
Додека на запад, на еден дел на планинскиот масив на Вогезите, се забележуваат и до 170 врнежливи денови годишно или разлика во 75 врнежливи денови на само 20 километри раздалеченост.
Историја
Во предримскиот период
Во текот на праисторијата, Алзас главно бил населен со ловци кои биле номади. Трагите на најстарото население, камени орудија, биле пронајдени во Ашенхајм[7]) и истите датираат од времето на Палеолитот[7]. Првите населби се појавиле во текот на Неолитот, откако во регионот се доселиле народи од исток [7].Од 1500 п.н.е. регионот почнал да станува постојано живеалиште на Келтите кои почнале да ја обработуваат земјата и да се занимаваат со земјоделство. Од V до I век п.н.е. Алзас бил поделен меѓу две келтски племиња: Секвани на југ и Медиоматрики на север. Околу 72 п.н.е. германските народи составени во поголем дел од Свеви и Трибоки ја преминале реката Рајна и се населиле во Алзас кои според историчарот Август Мајцен броеле меѓу 137,000 и 275,000 луѓе.
Во римскиот период
Во 58 п.н.е. Римјаните го нападнале и го освоиле Алзас победувајќи во Битката кај Ошсенфелд[8]., една од позначајните битки во тек на Галските војни кои ги водел Гај Јулиј Цезар за освојување на Галија. Во историјата е позната и како битка кај Вогезите. По Битката кај Ошсенфелд, после победата на Римјаните, Алзас бил припоен кон Рим станувајќи една од римските провинции во 27 п.н.е. Латинскиот јазик прогресивно ги заменил келтските јазици.
Алзас во тек на римскиот период станал центар на лозарството. За да ја заштитат својата богата индустрија, Римјаните изградиле тврдини и воени кампови кои подоцна се развиле во градови кои се населени оттогаш па до денес. Како дел на Римското Царство, Алзас бил дел на Горна Германија.
Во 12 п.н.е била основана римската тврдина Аргенторатум (од келтското: Аргентората) од каде подоцна се развил градот Стразбур.
Во 212 година сите слободни луѓе од регионот станале граѓани на Рим благодарение на Антониновиот едикт.
Некаде во тоа време целиот регион почнал да се дели на бројни феудални секуларни и црковни господарства, ситуација која траела сè до XVII век и била вообичаен процес во царството. Алзас доживеал голем просперитет во тек на XII и XIII век за време на владеење на царевите од династијата Хоенштауфен. Фридрих II назначил Епископ на Стразбур за да управува со Алзас, но власта на епископот била од страна на грофот Рудолф Хабсбуршки, на кој му биле дадени права од страна на Конрад IV, синот на Фридрих II. Стразбур почнал да расте и станал најнаселениот и трговско најважниот град во регионот. Во 1262, после долга битка со епископите што биле на власт, Стразбур најпосле го добил статусот слободен царски град. Градовите како Колмар и Хагенау исто така почнале да стануваат економски значајни и се стекнале со некој вид на автономија во рамки на "Декаполата", федерација на десет слободни градови.
Просперитетот на Алзас завршил во XIV век по низа сурови зими, лоши посеви и болести како црната смрт. За овие несреќи биле обвинети Евреите што пак довело до погромите во 1336 и 1339. Дополнителна природна катастрофа бил земјотресот во Рајнската долина во 1356, еден од поголемите во Европа кој го срамнил со земја градот Базел. Просперитетот во Алзас се вратил под власта на Хабсбуршката династија за време на ренесансата.
Германската власт почнувала да опаѓа во тек на следниот период поради походите на царството кон земјите на Италија отстапувајќи ја хегемонијата во Европа на Франција. Франција започнала агресивно да се шири кон исток, најпрво кон реките Рона и Меза, и кога биле достигнати тие граници, целта била да стигнат до Рајна но поради воените заложби околу потребите на Стогодишната војна освојувањата во тој правец биле одложувани. По завршување на војната, Франција повторно ги покажала своите претензии да стигне до Рајна и затоа, во 1444 француската војска се појавила во Лорен и Алзас. Побарале предавање на Мец и Стразбур и извршиле напади на Базел.
Во 1469, после договорот од Сент-Омер, Зигизмунд, војвода на Австрија, му го продал Горен Алзас на Карло Бургундски. Иако Карло владеел со областа, даноците биле исплаќани на Фридрих III. Овој искористувајќи ги даноците а воедно и со помош на еден брак во рамки на династијата успеал да добие предност и да си ја поврати контролата врз Горен Алзас (освен слободните градови) во 1477 кога регионот потпаднал под власта на семејството Хабсбург.
За време на Протестантската реформа во XVI век, Стразбур бил напредна заедница а неговите жители ја прифатиле протестантската религија во 1523.
Под власта на Франција
Триесетгодишната војна од 1618-1648 длабоко го погодила регионот. Алзас бил жртва на постојани грабежи и масакри а многу од градовите биле запалени. Настапил период на глад и чума. Населението од градовите и од селата бегало во околните планини и шумите на Вогезите. Економијата била целосно опустошена. Само Милузката република била поштедена благодарение на нејзиниот статус на град-држава. Републиката масовно ги прифаќала алзашките бегалци во многу поголем број од оној на жителите на самата република а се проценува дека со војната 60% од населението загинало.
Во 1648 со Вестфалската спогодба, поголемиот дел на Алзас потпаднал под власта на Франција со исклучок на неколку града кои ја задржале својата независност а подоцна, поради десеткуваната популација дошле голем број имигранти од Швајцарија, Австрија и другите соседни држави.
Сепак, Алзас имал посебна позиција во Кралството на Франција. Германскиот јазик сè уште се користел во локалните заедници, училиштата а на германскиот (лутерански) Универзитет на Стразбур учеле и се запишувале студенти од Германија. Едиктот од Фонтенбло, со кој се легализирала супресијата на француското протестантство, не бил применуван во Алзас. За разлика од останатиот дел на Франција, имало извесна религиозна толеранција, иако француските власти постојано се обидувале да го наметнат католицизмот а лутеранската катедрала во Стразбур морала да им биде предадена на католиците во 1681. Долж Вогезите постоела граница со остатокот на Франција додека таква граница немало кон Германија. Поради овие причини Алзас останал обележан со доминантна германска култура и сè до Француската револуција повеќе економски ориентиран кон Германија.
Во тек на Француската револуција
Во 1789 започнала Француската револуција и со неа настапила првата административна поделба кога Алзас бил поделен на два департмана Горна и Долна Рајна. Алзашаните одиграле значајна улога во тек на Француската револуција. На [21 јули] 1789 година, по добивање на веста за падот на Бастилја во Париз, толпа луѓе ја урнале стразбуршката градска тврдина и ги натерале градските власти да го напуштат градот со што симболично бил ставен крај на феудалниот систем во Алзас. Во 1792, Руже де Лисл во Стразбур го искомпонирал револуционерниот марш "Марсејеза", кој подоцна станал химна на Франција. Некои од најпознатите генерали на Француската револуција исто така потекнувале од Алзас, особено Келерман, победникот кај Валми, и Клебер, кој ја предводел француската армија при востанието во Венде. Под Наполеон Бонапарт, во 1814 и 1815, Алзас бил окупиран со странски сили, вклучително 280,000 војници и 90,000 коњи само во Долна Рајна. Ова имало тешки последици по трговијата и економијата на регионот. Згора на тоа нови трговски патишта биле отворани преку пристаништата на Средоземното Море и Атлантикот со што регионот лесно бил заобиколен.
Популацијата била во брз пораст, од 800,000 во 1814 до 914,000 во 1830 и 1,067,000 во 1846. Комбинацијата на економските и демографските фактори довело до нова криза, глад, сиромаштија и недостаток од работа за младите луѓе. Оттука, многу луѓе почнале да го напуштаат Алзас упатувајќи се не само кон париз – каде алзашката заедница значајно се зголемила во бројка, со некои славни нејзини членови како на пример баронот Осман – туку воедно и на многу подалечни места како Русија и Австриското Царство во барање нови можности кои ги нуделе овие места: Австрија освоила територии во Источна Европа кои порано биле дел на Отоманското Царство и нудела одлични можности за новите доселеници како начин да се консолидира на новите територии. Многу Алзашани во тој период од 1820-1850 емигрирале и во Соединетите држави.[9]
Меѓу Франција и Германија
Франција испровоцирана со Емската телеграма влегла во војна со Прусија (Пруско-француска војна (1870–71)), и била поразена од Кралството Прусија и другите германски држави. Исходот на војната довел до обединување на Германија. Ото фон Бизмарк ги припоил Алзас и северниот дел на Лорена кон новото Германско Царство во 1871;[10] за разлика од другите држави-членки на германската федерација, кои си имале свои сопствени влади, новата царска територија Алзас-Лорена била единствено под власта на кајзерот, односно царот, управувана директно од царската власт во Берлин. Од 100,000 до 130,000 Алзашани (од вкупното население кое изнесувало милион и пол жители) одбрале да останат француски граѓани и да го напуштат Рајхсланд Елзас-Лотринген. Дури во 1911, Алзас-Лорен стекнал извесна автономија, добил свој грб и знаме.
Во тек на Првата светска војна, за да ги избегнат братоубиствените крвопролевања, многу Алзашани се пријавиле во царската морнарица а потоа зеле и учество во бродските побуни кои довеле до абдикција на кајзерот во ноември 1918, со што Алзас-Лорен останал без управа на царот. Самопрогласената република на Алзас-Лорен објавила своја независност. Сепак, две недели подоцна, по потпишувањето на примирјето на 11 ноември1918, француската војска влегла во Алзас за да ги задуши немирите на штрајкувачите во Алзас и да ги отстрани од власт самопрогласените револуционери. Многу Алзашани го поздравиле навлегувањето на француските трупи во Алзас [11] Алзашаните од страна на француската јавност биле сметани за француски браќа кои се ослободиле од германска власт. Германија формлно го отстапила регионот на Франција со Версајскиот договор.
Регионот потоа во 1940 повторно бил припоен за Германија, за време на Втората светска војна и инкорпориран во рамки на Големиот Германски Рајх. Алзас бил припоен со Баден, а Лорена со Сар, за да стане дел од планираниот Вестмарк. Во тек на војната, 130,000 млади луѓе од Алзас и Лорена принудно биле вклучувани во германската војска, а во некои случаи и во рамки на силите Вафен SS.[12]
Политика
Алзас е еден од најконзервативните региони на Франција. Тој е еден од двата региона во континентална Франција каде конзервативната десница победи на регионалните избори од 2004 и со тоа ја освои власта во Регионалниот Совет на Алзас. Водачот на десницата и актуелен претседател на Франција, Никола Саркози својот најдобар резултат го освои во Алзас (над 65%) во вториот круг на француските претседателски избори од 2007. Претседател на регионалното собрание е Филип Ришер, член на партијата Унија за народно движење, избран на локалните избори во 2010. Често менуваниот политички статус на регионот оставил трага во модерната политика особено околу прашањата поврзани со националниот идентитет.
Алзас исто така е и најголем поддржувач на Европската Унија од сите останати региони на Франција. Тој бил еден од неколкуте региони кои со 'да' гласале за Европскиот устав во 2005.
Кратка политичка хронологија
~90 : Алемански Алзас Алзас бил дел од римската провинција Горна Германија
535 : Франкиски Алзас Хлотар припоил кон своето кралство голем дел од Алеманија, меѓу што и Алзас.
843 : Германски Алзас Под Каролиншкото Царство, Франкија била поделена на три дела (види Верденски договор). Алзас потпаднал во Средна Франкија, Лотарингија што ќе биде дел на германското Свето Римско Царство.
1648 : Француски Алзас Со Вестфалската мировна спогодба во 1648, голем дел на Алзас станал француски. Стразбур му се предал на Луј XIV во 1681.
1871 : Германски Алзас Победена, Франција го отстапила Алзас на Германското Царство.
1919 : Француски Алзас Алзас повторно станал француски со Версајскиот договор.
1940 : Германски Алзас По поразот на Франција, Третиот Рајх си го припоил Алзас кон своите територии.
1944 : Француски Алзас Алзас се ослободил од нацистичката власт.
Населението во Алзас во 2008 достигнало до 1.836.000. Со тек на времето бројот на житело редовно се зголемувало, освен за време на војните, како со природен прираст така и преку миграција. Овој растеж повеќе се забрзал кон крајот на XX век. INSEE проценува дека популацијата ќе порасне од 12,9% до 19,5% меѓу 1999 и 2030.
Со густина од 222 жители/км2, Алзас е трет најгусто населен регион во континентална Франција.
Согласно Националниот институт за статистика и економски студии (Institut National de la Statistique et des Études Économiques (INSEE)), бруто-домашниот производ на Алзас изнесувал 44.3 милијарди евра во 2002. Со БДП по глава на жител од €24.804, тој бил втор најразвиен регион на Франција, веднаш зад Ил де Франс. 68% од работните места се во услужната дејност, а 25% во индустријата.
Алзас е регион на разновидни стопански гранки, вклучително:
Сообраќајот во Алзас е доста добро развиен со оглед на густината на населението. Главниот железнички транспорт е на линијата север-југ која ги поврзува Стразбур и Сен-Луј. Главниот автопат е автопатот А35 кој ги поврзува Лотербур и Сен-Луј преку Стразбур, Селестат и Колмар. Регионот со Париз е поврзан со железничката источноевропска линија за супер брзите возови (TGV) пуштена во употреба од 10 јуни 2007. Оваа линија го поврзува Париз со Стразбур. Во градовите (Стразбур, Колмар, Милуз) мошне развиен е автобускиот и трамвајскиот сообраќај.
Речна мрежа
Размената на стоки на пристаништата во Алзас изнесува над 15 милиони тони, од што две третини припаѓа на Стразбур, кое е второ по големина речно пристаниште во Франција.
Воздушна мрежа
Во Алзас има два меѓународни аеродрома. Меѓународниот аеродром Базел-Милуз-Фрајбург е единствениот совршено бинационален аеродром на светот. Авионските компании нудат повеќе од 60 одредишта директни летови. Инфраструктурата е наменета за прифаќање од 6 до 8 милиони патници. На аеродромот се присутни 58 компании.
Поради тоа што уште во минатото бил густо населен, Алзас е познат по неговите убави села, цркви и замоци и другите убавини на неговите поголеми градови Стразбур, Колмар, Селеста, Гебвилер, Саверн, Оберне иако истите постојано биле рушени во тек на петте века војни меѓу Франција и Германија.
Алзас исто така е познат и по неговите виногради (посебно долж 170 км на Патот на вината на Алзас од Марленхајм до Тан) и Вогезите познати по убавите зелени шуми и прекрасни езера.
Замокот се наоѓа во општината Оршвилер на височина од 757 метри издигнувајќи се врз долината на Алзас наспроти Селеста. Замокот тајно бил изграден од страна на Фридрих Хохенштауфен и во повеќе наврати уништуван. Бил реконструиран од 1901 до 1908 по наредба и вкус на царот Вилхелм II.
Тој е еден од најпосетуваните средновековни замоци во Франција од страна на туристите.
Стразбуршката римокатоличка катедрала е изградена во готски стил. Градбата на катедралата започнала во 1176 а завршила во 1439. Висока е 142 метри и во периодот од 1625 до 1847 била највисокото здание на светот. Денес таа е втората највисока катедрала во Франција веднаш зад онаа во Руан (висока 151 метар). Во неа се наоѓа астрономскиот часовник конструиран во XVI век кој порано се сметал за едно од « седумте чуда на Германија ».
Ридот е дел од Вогезите и се издига на височина од 764 метри и се наоѓа во општината Отрот. На врвот постои манастир посветен на римокатоличката светица Света Одил, света заштитничка на Алзас. Манастирот бил создаден околу 700 година кога таткото на Света Одил го оставил својот замок во наследство на ќерка си која го претворила во манастир.
Паганскиот ѕид
Паганскиот ѕид, наречен така од страна на папата Лав IX поради претпоставката дека бил изграден пред Христа, впрочем претставува три мегалитски целини оддалечени една од друга неколку километри:
Паганскиот ѕид на ридот Сент-Одил кој се протега на десеттина километри околу ридот, со ѕидови дебели од 1,60 до 1,80 метри и височина некаде и до 3 метри.
Паганскиот ѕид околу замокот Франкенбург кој е сличен со оној кај ридот Сент-Одил и го опкружува замокот од сите страни освен на источната. Дебелината на ѕидот е 1,80 метри а височината е од 0,50 до 0,70 метри.
Различен од останатите два ѕида, овој се протега на сртот на планината во правец југоисток/северозапад во должина од околу 2,5 километри. Изграден е од камења поставени едни врз други без траги од кал или малтер. Ѕидот е висок околу 1.80 метри а дебелината на теметот изнесува околу 1.70 метри.
Сè уште не се знае потеклото на ѕидот и тој е предмет на разни контроверзи и извор на фантазии. Приказните околу потеклото на ѕидот повеќе наликуваат на приказни и легенди отколку на неоспорни историски факти.
Други знаменитости
'Град на автомобилот'
Град на автомобилот (колекција на браќа Шламф) во Милуз, е најголемиот музеј на автомобили на светот[14], со 500 возила од кои 464 автомобили од 98 марки, меѓу кои и славната колекција на Фриц Шламф – најголемата светска колекција на Бугати. Во 1989, музејот бил наречен « Државен музеј на автомобилот — Колекција Шламф ». Во 2006 музејот бил реконструиран, проширен, обновен и бил наречен Град на автомобилот (Cité de l'Automobile).
Град на возот
Град на возот во Милуз воедно наречен и Француски музеј на железницата (Musée français du chemin de fer) е најголемиот железничкимузеј во Европа[15]. Тој содржи глобална колекција за историјата на француската железница на површина од околу 15.000 м2 со повеќе од стотина возила и илјадници предмети поврзани со железницата.
Електрополис
Тоа е најголемиот музеј во Европа посветен на електричната енергија. Музејот бил отворен во Милуз во 1987 со изложбен простор од 4000 м2. Музејот ги опфаќа сите аспекти на електричната енергија, од историски до научен,[16].
Екомузеј на Алзас
Екомузејот на Алзас е музеј за валоризација на обичаите, ракотворбите и народните традиции на Алзас и е најголемиот музеј на отворено во Франција [17]. Претставува традиционално алзашко село со 70 автентични алзашки градби, куќи, мелница, црква и други објекти каде се претставени традиционалните занаети од страна на глумци облечени во народни алзашки носии.
Алзас историски бил дел на Светото Римско Царство. Од XVII век, постојано преминувал од власт под Франција во власт под Германија што придонело да се развијат негови посебни културни обележја за разлика од другите региони на Франција. Во традицијата останале присутни германските траги, како на пример во алзашката кујна и архитектура, додека современите институции целосно се под доминација на француската култура.
Симболи
Штркот како симбол на Алзас
Штркот е еден од главните симболи на Алзас и е предмет на многу приказни и легенди. Птицата речиси исчезнала во тек на 70-тите години на XX век но биле направени големи напори за истата да се зачува и да остане присутна во регионот. Штрковите најчесто се среќаваат на крововите на куќите, црквите и јавните згради во Алзас. Луѓето се грижат за зачувување на овој симбол и честопати самите им ги адаптираат или обновуваат нивните гнезда.
Обележја
Актуелниот грб на Алзас
Алзашкото знаме признато од страна на Регионалниот совет
Јазик
Според една студија[18] направена во 1970-80, во Алзас се зборувале стотина дијалекти од кои поголемиот дел припаѓале на алеманскиот. Сепак, иако германските дијалекти се зборувале во Алзас во тек на поголемиот дел од историјата, денес доминантен јазик во Алзас е францускиот.
Иако Алзас неколкупати бил припојуван во минатото кон Франција, сепак тој неколку векови немал директна поврзаност со неа. Од крајот на Римското Царство (V век) па сè до припојувањето кон Франција (XVII век), Алзас политички и културно бил дел од германскиот свет.
Германскиот јазик најпрво бил прифатен во градовите во Алзас, како нивен службен јазик во замена на латинскиот за време на Лутеранската реформа. Во Стразбур литургиите се држеле на германски а исто така тој бил и град во кој била објавена првата германска Библија во 1466.
По припојувањето на Алзас кон Франција во XVII век и поради јазичната политика на Француската револуција сè до 1870, во Алзас пораснал бројот на луѓе кои зборувале француски. Со образовните реформи во XIX век, средната класа почнала сè подобро да го владее францускиот јазик. Сепак, и после сите тие напори, сепак голем број луѓе продолжиле да ги зборуваат нивните германски дијалекти и да пишуваат на германски.
Алзашкиот јазик, заедно со другите регионални јазици, бил признат од страна на француската Влада во официјалниот список на јазиците на Франција. Истражувањето на INSEE спроведено во 1999 покажало дека 548,000 возрасни луѓе во Франција зборуваат алзашки јазик со што овој јазик е на второ место по примена во (после окситанскиот).
Споредбена табела на алзашкиот јазик во однос на францускиот и други германски јазици
француски
германски
алзашки
холандски
англиски
terre
Erde
arde
aarde
earth
ciel
Himmel
hemmel
hemel
heaven, sky
eau
Wasser
wàsser
water
water
feu
Feuer
fiir
vuur
fire
homme
Mann
mànn
man
man
femme
Frau
frài/frau
vrouw
woman
manger
essen
assa
eten
eat (to)
boire
trinken
trenga/trenke
drinken
drink (to)
grand
groß
groos
groot
great
petit
klein
klain/glen
klein
little, small
gros/gras
dick/fett
déck/fat
dik/vet
thick/fat
nuit
Nacht
nààcht
nacht
night
jour
Tag
däi/dag
dag
day
aujourd'hui
heute
hit/héta
vandaag/heden
today
hier
gestern
gecht
gisteren
yesterday
demain
morgen
morn
morgen
tomorrow
matin
Morgen
morjia/morga
morgen
morning
midi
Mittag
médeu/médag
middag
noon, midday
soir
Abend
oowe/ova
avond
evening
être
sein (du bist)
sén (du béch)
zijn
be (to)
avoir
haben
hove/hàn
hebben
have (to)
ceci/cela
dies/das
dess/tsal
dit/dat
this/that
oui
ja
jà
ja
yes
non
nein
nee/naij
nee
no
Архитектура
Традиционалната архитектура на Алзас се куќи изградени од дрво и кал врамени со надворешни столбови истакнати на фасадата. Крововите се од плоснати рамни ќерамиди во форма на ’’дабаров опаш’’. Ваквиот тип куќи со надворешни дрвени столбови се среќаваат и во Нормандија но сепак најмногу ги има во Алзас и тоа поради неколку причини:
близината на Вогезите овозможила поевтина дрвена граѓа;
како заштита од земјотреси, дрвото е посоодветен материјал од каменот бидејќи е полесно и пофлексибилно;
поради честите војни и инвазии каде цели градови биле палени населението стекнало навика само долниот кат да го гради од камен додека другите спратови биле од дрво кое поради близината на шумите било и најдостапен тип на градежен материјал а со тоа и лесно заменлив.
Куќите во Алзас почнале полека да бидат покривани со малтер од XIX век, за да се намали ризикот од пожар. Тие почнале да ги малтерисуваат систематски во втората половина на минатиот век, и тоа во најразлични нијанси.
Гастрономија
Алзашката кујна, силно се заснова на германските кулинарски традиции и особено се одликува со употреба на свинско месо во најразлични форми. Традиционални јадења на Алзас се:
Бекоф (baeckeoffe), вид јадење приготвено од компир и свинско месо
Фламкухе (flammekueche), вид солено и благо печиво приготвено со сирење, шунка или со овошје
Шукрут (choucroute), познат алзашки рецепт приготвен со кисела зелка и месо (сушено свинско месо, колбаси, сланина, па дури и со риба)
Флејшнака (fleischnacka), вид јадење од месо со зачини.
Во јужниот дел на Алзас, наречен воедно и Сунгау, карактеристично јадење е и пржениот крап.
За време на празниците, се прават разноразни бисквити и ситни колачи наречени бредала а воедно и зачинетото лепче (gingerbread), особено од Гертвилер, кое им се дели на децата за време на празникот Свети Никола.
Религија
Поголемиот дел од алзашкото население се римокатолици но постои и значајна заедница на протестанти како резултат на тоа што регионот долго време бил под влијанија на германската култура. Во Алзас постоела и голема еврејска заедница но поголем дел од Евреите се иселиле од Алзас и емигрирале во Америка уште во времето на Наполеон.
Во 1707, со процесот наречен симултанеум, на доста реформистички и лутерански цркви им било наложено да дозволуваат католички услуги. Денес во Алзас сè уште постојат околу 50-тина такви симултани цркви коишто повремено се отстапуваат во служба на католичката религија.
↑Bostock, John Knight; Kenneth Charles King, D. R. McLintock (1976). Kenneth Charles King, D. R. McLintock (уред.). A Handbook on Old High German Literature (2. изд.). Oxford: Clarendon Press. стр. 20. ISBN0198153929. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help); Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help)
↑Roland Kaltenbach: Le guide de l’Alsace, La Manufacture 1992, ISBN 2-7377-0308-5, стр. 36
↑[1] "L'alsacien, deuxième langue régionale de France" Insee, Chiffres pour l'Alsace no. 12 декември 2002
↑Белешка: Општината Стразбур не припаѓа на округот Стразбур-Кампањ.
↑Musée national de l'automobileSituée à Mulhouse en Alsace, la Cité de l’automobile - Musée national - Collection Schlumpf - est le plus grand musée automobile du monde.
↑La cité du trainSituée à Mulhouse en Alsace, la Cité du Train est le plus grand musée européen du chemin de fer.
Das Elsass: Ein literarischer Reisebegleiter. Frankfurt a. M.: Insel Verlag, 2001. ISBN 3-458-34446-2
Erbe, Michael (Hrsg.) Das Elsass: Historische Landschaft im Wandel der Zeiten. Stuttgart: Kohlhammer, 2002. ISBN 3-17-015771-X
Faber, Gustav. Elsass. München: Artemis-Cicerone Kunst- und Reiseführer, 1989.
Fischer, Christopher J. Alsace to the Alsatians? Visions and Divisions of Alsatian Regionalism, 1870–1939 (Berghahn Books, 2010); ; 235 pages;
Gerson, Daniel. Die Kehrseite der Emanzipation in Frankreich: Judenfeindschaft im Elsass 1778 bis 1848. Essen: Klartext, 2006. ISBN 3-89861-408-5
Haeberlin, Marc. Elsass, meine große Liebe. Orselina, La Tavola 2004. ISBN 3-909909-08-6 − RezensionАрхивирано на 27 септември 2011 г. über das „Schlaraffenland“ Elsass
Ungerer, Tomi, Danièle Brison, and Tony Schneider. Die elsässische Küche. 60 Rezepte aus der Weinstube L'Arsenal. Straßburg: Édition DNA, 1994. ISBN 2-7165-0341-9
Vogler, Bernard and Hermann Lersch. Das Elsass. Morstadt: Éditions Ouest-France, 2000. ISBN 3-88571-260-1
В Википедии есть статьи о других людях с такой фамилией, см. Могилевский; Могилевский, Александр. Александр Могилевский Александр Могилевский в 1975 году в 89-летнем возрасте. Фрагмент фотографии Николая Кочнева Имя при рождении Александр Павлович Могилевский Дата рожден
Peter Makolies (2003) Peter Makolies (* 21. November 1936 in Königsberg (Preußen)) ist ein deutscher Bildhauer. Inhaltsverzeichnis 1 Leben und Ausbildung 2 Werke 2.1 Dresden 2.2 Frankfurt (Oder) 2.3 Rostock 2.4 Leipzig 2.5 Gera 3 Literatur 4 Weblinks 5 Einzelnachweise Leben und Ausbildung Peter Makolies wurde in Königsberg geboren und wuchs in Wölfis in Thüringen auf. Von 1951 bis 1953 nahm er ersten Unterricht im Aktzeichnen bei Carl Michel. 1953 begann er eine Steinmetz- und Steinbildh...
Rajah Caruth (left) and Bubba Wallace (right) talking on pit road during the 2022 Pocono race weekend This is a list of NASCAR drivers that have raced in one of its national or touring series who are African Americans. Many of the current drivers and some of the former drivers have previously been or are currently members of NASCAR's Drive for Diversity program. Wendell Scott (1 win) and Bubba Wallace (2 wins) are the only two drivers to have won NASCAR Cup Series races. Wallace also has 6 wi...
هذه المقالة هي جزء من سلسلة مقالات حولالأسلحة النووية خلفية التاريخ الحرب التصميم الاختبارات التسليم العائد التأثيرات وتقديرات الوفيات [الإنجليزية] من الانفجارت النووية الشتاء العمال الأخلاقيات الترسانات [الإنجليزية] سباق التسلح التجسس الانتشار نزع السلاح الإرهاب ال...
Пам'ятний знак воїнам-односельчанам с. Весняне Корецького району Пам'ятник загиблим у ВВВ 1941-1945 рр (с. Весняне) 50°40'52.1N 27°13'55.4EСтатус Пам'ятка історії місцевого значенняСтатус спадщини пам'ятка історії місцевого значення УкраїниКраїна Україна : ISO3166-1 alpha-3:UKR; ISO3166-1 ...
Laut Panonia pada masa Miosen. Laut Panonia adalah laut dangkal yang terletak di lokasi Cekungan Panonia saat ini. Laut ini pernah ada pada masa Miosen dan Pliosen. Sejarah Laut Panonia awalnya merupakan bagian dari Laut Paratetis, tetapi pengangkatan Pegunungan Karpatia pada masa Miosen mengisolasi laut ini dari laut Paratetis sekitar sepuluh juta tahun yang lalu. Pada tahap sejarah pertamanya, Laut Panonia terhubung dengan Laut Tengah di barat, Laut Paratetis di timur, dan Laut Aegea di sel...
Russian forces present in the Moldovan region of Transnistria Transnistrian region of Moldova Currently, the Russian Federation holds an unknown number of soldiers in Transnistria, an unrecognized breakaway state internationally recognized as part of Moldova. This Russian military presence dates back to 1992, when the 14th Guards Army intervened in the Transnistria War in support of the Transnistrian separatist forces. Following the end of the war, which ended in a Russian-backed Transnistria...
Chapitres tournés en tous sens Genre Suite de pièces pour piano Nb. de mouvements 3 Musique Erik Satie Durée approximative ca. 5 min Dates de composition 1913 Création 14 janvier 1914Société musicale indépendante,Paris France Interprètes Ricardo Viñes modifier Chapitres tournés en tous sens est un recueil de trois pièces pour piano d'Erik Satie, composé en 1913. Présentation Chapitres tournés en tous sens est composé par Satie en août et septembre 1913[1]. « T...
Lower house of the Parliament of England (1341-1707) This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: House of Commons of England – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (December 2019) (Learn how and when to remove this template message) This article is about the House of Commons of England to 1707. Fo...
2003 video game 2003 video gameMario Party 5North American box artDeveloper(s)Hudson SoftPublisher(s)NintendoDirector(s)Kenji KikuchiProducer(s)Hiroshi SatoAtsushi IkedaDesigner(s)Shinichi NakataComposer(s)Aya TanakaSeriesMario PartyPlatform(s)GameCubeReleaseNA: November 11, 2003[1]JP: November 28, 2003PAL: December 5, 2003Genre(s)PartyMode(s)Single-player, multiplayer Mario Party 5 (Japanese: マリオパーティ5, Hepburn: Mario Pāti Faibu) is a party video game developed by Hudso...
This article's lead section may be too short to adequately summarize the key points. Please consider expanding the lead to provide an accessible overview of all important aspects of the article. (August 2022) City in Illinois, United StatesElginCityAerial view of Downtown Elgin FlagSealNickname: The City in the SuburbsMotto: The Jewel of the MidwestLocation of Elgin in Kane and Cook CountiesCoordinates: 42°02′18″N 88°19′22″W / 42.03833°N 88.32278°W...
Pindobind Names IUPAC name 2-Bromo-N-[4-(2-{[2-hydroxy-3-(1H-indol-4-yloxy)propyl]amino}-2-propanyl)-1-methylcyclohexyl]acetamide Identifiers CAS Number 106469-52-7 Y 3D model (JSmol) Interactive image ChemSpider 4661 PubChem CID 4827 CompTox Dashboard (EPA) DTXSID80910012 InChI InChI=1S/C23H34BrN3O3/c1-22(2,16-7-10-23(3,11-8-16)27-21(29)13-24)26-14-17(28)15-30-20-6-4-5-19-18(20)9-12-25-19/h4-6,9,12,16-17,25-26,28H,7-8,10-11,13-15H2,1-3H3,(H,27,29)Key: XSAGAZCYTLNCEN-UHFFFAOYSA-NInC...
2000 studio album by EnigmaThe Screen Behind the MirrorStudio album by EnigmaReleased14 January 2000Recorded1999StudioA.R.T. (Ibiza, Spain)Genre New-age ambient Length43:34LabelVirginProducerMichael CretuEnigma chronology Trilogy(1998) The Screen Behind the Mirror(2000) Love Sensuality Devotion: The Greatest Hits(2001) Singles from The Screen Behind the Mirror Gravity of LoveReleased: 15 November 1999 Push the LimitsReleased: 17 April 2000 The Screen Behind the Mirror is the fourth st...
Вегас Голден Найтс Страна США Регион Невада Город Парадайс Основан 2017 Прозвища Золотые отбросы[1] (англ. Golden Misfits)[2]Ви Джи Кей (англ. VGK) Домашняя арена Ти-Мобайл Арена (на 17 367) Цвета — серо-стальной — золотой ...
Для термина «Катковский» см. также другие значения. ДостопримечательностьКатковский лицей 55°44′07″ с. ш. 37°35′43″ в. д.HGЯO Страна Россия Местоположение Хамовники Дата основания 1875 Статус Объект культурного наследия народов РФ федерального значения. Ре...
This article is an orphan, as no other articles link to it. Please introduce links to this page from related articles; try the Find link tool for suggestions. (July 2022) Chloe MacLean is a karate practitioner and sociology scholar based in Scotland.[1][2] She has won the British karate championship for 9 times.[3] Sporting career Her sporting achievements to date include being nine times British Champion, four times European 'Wado' Champion and twice Commonwealth Cham...
Medcom.idJenis situsSitus web BeritaBahasaIndonesiaPemilikPT Citra Multimedia Indonesia (Media Group)PenciptaMedia GroupTokoh pentingReino Barack (Komisaris Utama)SloganDigitally Inspired People (2017-2019)Memberi Arti (2019-2020)#cekdulumedcom (2020-sekarang, sekunder)Situs webwww.medcom.idPeringkat Alexa147 (hingga November 2019[update])[1]KomersialYaDiluncurkan25 November 2017StatusAktif Logo pertama Medcom.id (2017-2019) Medcom.id adalah sebuah portal web yang be...