Рождество на Пресвета Богородица — главната селска црква во тетовското село Сетоле. Спаѓа во Втората тетовска парохија и е изградена во 1862 година на темели од постар објект. Некои од иконите се дело на Дичо Зограф[1]. Главниот патрон на црквата се прославува на Мала Богородица на 21 септември[2].
Настани од 2001
Црквата „Св. Богородица“, како и повеќе цркви во тетовско за време на воениот конфликт во 2001 не била поштедена. Таа прво била насилно отворена, осквернавена, ограбена и демолирана. Оштетувања коишто биле направени во овој сакрален објект едно време го направиле неупотреблив. По завршетокот на кризата во 2001, црквата била обновена, додека тетовскиот резбар Будимир Апостолски го реставрирал стариот иконостас[3].
Наводи
Надворешни врски