Свети Ѓорѓи — црква во тетовското село Лавце.[1] Според легендата црквата потекнува од средината на 19 век. Имено тука дошла некоја жена од Русија на која ѝ се сонило да направи црква. Таа сама ги редела камењата и направила објект што личел на црква. Одвај се влегувало, но поставила крст и му дала име на светецот. На тоа исто место, зачувувајќи ги старите ѕидови, лавчани изградиле нова црква, а до неа и трпезарија која со годините прераснува во конак каде што се собираат на селската слава „Св. Атанасиј“ и на празникот Св. Ѓорѓи. Црквата била цел на кражби и оштетувања.[2]
Наводи