Вознесение Христово (грчки: Αναλήψεως του Κυρίου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата се наоѓа во истоименото маало Аналипси (Вознесение), спроти морскиот брег и до маалото Пирги.[1]
На крајот на XIX век грчката црковна општина решила да изгради втор храм вон ѕидините по „Св. Троица“. Издејствувале султански ферман и патријаршиски печат од Неофит VIII (1891 - 1894). Камен-темелникот на црквата е поставен во 1893 г. за време на митрополит Атанасиј Солунски. Архитект на градбата е Кокинос, која ја изградил во облик на традиционалната трикорабна базилика. Осветена е на 5 мај 1919 г. од митрополитот Генадиј Солунски. Иконостасот е изработен во 1907 г. од Јоанис Лиритис од Тинос, а иконите на него се дело на негушкиот зограф Христодулос Матеу.[1]
За време на окупацијата во Втората светска војна во камбанаријата на црквата работела нелегална радиостаница, која емитувала програма на Сојузниците под раководство на свештеникот Евангелос Мурѕинос.[1]
Во 1954 г. е поставен камен-темелникот парохиски културен центар, во кој има параклис „Св. Јован Претеча и Св. Силуан Атонит“. Во 1987 г. храмот е проширен за првпат. Во 2004 – 2005 г. е проширен уште еднаш, и притоа се изградени параклисите „Св. Фотина и Ирина“ и „Св. Апостол Тома“ во внатрешноста на храмот и „Св. Антониј“ во западниот дел на дворот.[1][2]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски