Хузум (германски: Husum; севернофризиски: Hüsem) — град и административно седиште на округот Северна Фризија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот е родното место на романописецот Теодор Шторм, кој ја создал фразата „сивиот град крај морето“. Исто така во него се одржува годишниот меѓународен фестивал на пијаното „Раритети на музиката за клавир“ (Raritäten der Klaviermusik), воспоставен во 1986 година.[2]
Хузум бил првпат споменат како Хузембро (Husembro) во 1252 година, кога данскиот крал Абел бил убиен.
Како повеќето градови на Северното Море, Хузум бил отсекогаш под влијание на силни бури. Во 1362 година ужасна бура наречена „Големата поплава“ го поплавила градот и го овозможила природното пристаниште. Пред тоа, Хузум не се наоѓал директно на брегот. Луѓето од градот ја искористиле оваа можност и изградиле пазар, кој довел до голем економски пресврт.
Помеѓу 1372 и 1398 година, населението во Хузум постојано се зголемувало и биле основани две села: Остер-Хузум (Oster-Husum) и Вестер-Хузум (Wester-Husum).
Името Хузум било првпат споменато во 1409 година. Прикажано е на Карта Марина во фризискиот облик од Хузем (Husem).
Хузум се наоѓа на Хузумскиот Залив на Северното Море. Лежи 82 километри западно од Кил, 139 километри северозападно од Хамбург и 43 километри југозападно од Фленсбург.
Градот е поделен на следниве градски единици:
Како туристичко одредиште и порта кон Севернофризиските Острови, Хузум нуди многу културни настани.
Овој меѓународен фестивал на раритетната музика за клавир, насочен кон непознатата класична пијано музика, бил основан во 1986 година од Петер Фроундјијан и се одржува во градскиот замок.[2]
Групата „Редемис“ (Spielmannszug Rödemis) е познат бенд за маршови од градската единица Редемис. Хузум е исто така дом на два фудбалски клубови, ФК Хузумер (Husumer SV) и ФК Редемис (Rödemisser SV).
Крикет клубов е основан во рамките на центарот Микелберг, кој порано бил домаќин на меѓународни натпревари во крикет за жени. Теренот се наоѓа во близина на Хатштет.[3]
Хузум е збратимен со следниве градови:[4][5]
Железничката станица во Хузум се наоѓа на линијата Вестерланд–Хамбург (наречена и „мочуришна железница“), линијата Хузум-Санкт Петер-Ординг до полуостровот Ајдерштет и линијата Хузум-Јибек, која го поврзува со линијата Нојминстер-Фленсбург и Кил.