Харзум (германски: Harsum) — слободна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 6 километри северно од Хилдесхајм и 25 километри југоисточно од Хановер.
Харзум се наоѓа во близина на вештачкиот канал Хилдесхајм и автопатот А7.
Харзум има девет населени места: Адлум, Азел, Борзум, Харзум, Хенерзум, Хидесзум, Клајн Ферсте, Махтзум и Раутенберг.
Општината почнувајќи од североисток на десно се граничи со Хоенхамелн (Пајне), Шелертен, Хилдесхајм, Гизен, Зарштет и Алгермисен (сите во округот Хилдесхајм).