Зибесе (германски: Sibbesse) — село и слободна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 10 километри јужно од Хилдесхајм.
Од 1 ноември 2016 година, поранешните општини Аденштет, Алмштет, Еберхолцен и Вестфелд се дел од општината Зибесе. Сите тие биле дел од поранешната истоимена општинска заедница.
Зибесе се наоѓа североисточно од Зибен Берге (395 м.) и јужно од Хилдесхајмската Шума (359 м.). Се наоѓа помеѓу Алфелд на запад и Хилдесхајм на североисток.