Фунта на квадратен инч или поточно, фунта сила на квадратен инч (симболи: psi, lbf/in2, lbf/in2, lbf/sq in, lbf/sq in) е единица за притисок или напрегање од системот на англоамерикански единици. Единицата го претставува притисокот од една фунта (453,6 гр.)[1] врз површина од еден квадратен инч:
1 psi е приближно еднакво на 6 894,757 Pa, каде паскалот (Pa) е единица за притисок во SI системот.