Бар (од грч. βάρος = тежина, притисок[1], симб. бар или bar) — единица за притисок еднаква на 100 килопаскали, и приближно еднаква на атмосферскиот протисок на морското ниво. Од барот се изведени единиците: мегабар (Mbar), килобар (kbar), децибар (dbar), центибар (cbar), и милибар (mbar/mb). Овие единици се вонсистемски, т.е. не припаѓаат на SI или СГС, но се прифатени за употреба со единиците на SI.[2] Барот наоѓа широка примена за изразување на притисок бидејќи е само за 1% помал од атмосферата (atm), која се дефинира како точно 1,01325 bar. Како единица е озаконет во земјите на ЕУ.[3]
Барот и милибарот се воведени во in 1909 г. од британскиот метеоролог Вилијам Нејпиер Шо (1854-1945) како директор на Метеоролошката служба во Лондон (1907-20)[4]
„Барг“ е единица на манометарот, и означува притисок во барови над амбиентниот или атмосферскиот притисок.
Дефиниција и претворање
Барот се дефинира со SI-единицата паскал, имено: 1 bar ≡ 100.000 Pa.
Затоа, 1 bar е еднакво на: