Единицата е наречена и „тор“ (Torr) во чест на италијанскиот физичар Еванџелиста Торичели (1608-1647) кој ја открил законитоста на притисокот во тенок сад и го изумил барометарот (1644).[1]
Разлика во метрологијата
Имињата милиметар на живиниот столб и тор се сметаат за синонимни во сите полиња освен во метрологијата, која прави разлика помеѓу нивните вредности. Оваа разлика е помала од една седуммилионтина (0,000015%), што е многу мал износ, па затоа се смета за занемралива во сите полиња вон метрологијата.
Еден милиметар жива по дефиниција изнесува 133,322387415 Pa (13,5951 г/см3 × 9,80665 м/с2 × 1 мм ), земајќи ги предвид густината на живата и забрзувањето на Земјината тежа.
Торот се дефинира како 1⁄760 од една атмосфера, додека пак атмосферата се дефинира како 101,325 kPa. Затоа, 1 тор е еднаков на 1⁄101325 Pa. Децималниот облик на дропката (133,322368421...) е бесконечно долг (во периода).
Разликата помеѓу милиметарот на живиниот столб и торот е дадена со следниов однос: