Франц Лист (унгарски: Liszt Ferenc, Доборјан, Унгарија, 22 октомври 1811 - Бајројт, Германија, 31 јули 1886) бил унгарски композитор, пијанист, диригент и музиколог, роден во семејство на осиромашен дворјанец, на имотот на кнезот Естерхази-Франц Лист (Лист Синот е крстен по татка си). На 9 годишна возраст приредил концерт за гостите на кнезот. По две години се преселува во Париз, каде што продолжува да учи во приватно училиште. Унгарската аристократија во Париз и критиката веднаш навести „Ни се појави нов Моцарт“.
Творештво
Тој бил пијанистички виртуоз, кој изградил модерна техника и нов звучно брилијантен клавирски стил. Зад себе оставил симфониски поеми, низа камерни дела за оргули и вокални дела.
Германскиот филозоф Фридрих Ниче го истакнува Лист како еден од своите омилени композитори кој, повеќе од сите други музичари, има отмени оркестарски акценти.[1]
Литература
- Demko Miroslav: Franz Liszt compositeur Slovaque, L´Age d´Homme, Suisse, 2003.
Наводи
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 59.
|
---|
| Култура | |
---|
| Книжевност | |
---|
| Музика | |
---|
| Теологија и филозофија | |
---|
| Уметност | |
---|
| Архитектура | |
---|
| |
|