Работел како трговец, студирал рударство, а потоа се посветил на книжевната работа. Како член на кругот на германските романтичари бил во контакт со Гете, Хедер, Шлегел и други. Несигурен и ексцентричен, тој започнал во духот на крајниот романтичарски индивидуализам, а завршил како католички мистик. Тој, исто така, експериментирал со книжевна сатира и пародија. Главната одлика на неговиот израз е совршено совладување на формата.