Адам Мицкевич

Адам Мицкевич
Роден/аАдам Бернард Мицкјевич
24 декември 1798(1798-12-24)
Заосје, Руско Царство
Починат/а26 ноември 1855(1855-11-26) (возр. 56)
Истанбул, Отоманско Царство
ПочивалиштеWawel Cathedral, Краков
ЗанимањеПоет, драматург, есеист, професор по литература
Јазикполски
ЖанрРомантизам
Значајни делаПан Тадеуш
Сопруг/аСелина Шимновска (1834–55; шест деца; до нејзина смрт)
Потпис

Адам Бернард Мицкјевич (полски: Adam Bernard Mickiewicz; 24 декември 179826 ноември 1855) — полски книжевник и поет,[1] претставник на полскиот романтизам и истакнат борец за слободата на Полска. Адам Мицкјевич е, според мислењата на многумина, не само најголем полски поет и еден од големите европски поети и интелектуалец, туку и најголем духовен авторитет.

Животопис

За разлика од многу романтичарски поети, неговиот живот бил релативно лесен и без потреси. Живеел во емиграции во Русија, Италија, Франција и Швајцарија. Во Германија го запознал Гете. Тој се оженил во 1834 година со Селина Шимновска, која подоцна ментално се разболела, а тоа влијаело врз Мицкјевич да изврши самоубиство. Од 1840 предавал словенски јазик и книжевност на францускиот колеџ во Париз. Во своите предавања за словенската книжевност во Париз, Мицкевич користел примери од српската народна книжевност и од трагедијата „Обилиќ“ од Симо Милутиновиќ Сарајлија.[2] Местото го напуштил во 1844 година, понесен со идеите на религиозниот мистицизам. Тогаш паднал во семејна, психолошка и здравствена криза. Забележано е дека во зимата 1948-1949 година, го посетил Фредерик Шопен, и самиот многу болен, којшто му свирел музика за да го смири.[3]

Некое време живеел во Русија во Одеса, каде што е преместен по налог на руската полиција, по поделбата на Полска во 1795 година. Полјаците биле распространети низ целата Русија. Во Одеса бил во врска со Полјакината Каролина Собански. Подоцна се докажало дека Собанска била руски шпион, која што во Одеса барала полски револуционери. Сопругата Селина на Адам Мицкевич умрела во 1855 година. Кога избувнала Кримската војна, тој ги напуштил своите малолетни деца во Париз и отишол во Цариград за да ги организира полските и еврејските единици за борба против Русија. Додека на азиската страна на Босфор, Флоренс Најтингејл ги спасувала ранетите од Кримската војна од колера, на западната страна од Босфорот од колера заболел и Мицкјевич. Умрел на 26 ноември 1855 година како жртва од епидемијата на колера. Неговите посмртни останки со првиот брод биле префрлени во Париз, за да 1890 година бидат пренесени во Полска и погребани во Краков во познатата катедрала Вавел, покрај останатите великани на полската историја.

Творештво

Неговото книжевно дело создадено е за само 15 години. Инспирацијата отсекогаш му била полската традиција и католицизмот. Баладите и романсите од 1822 година се обоени со фолклорни детали. Циклусот на драмата „Задушница“ се занимава со латинската историја, додека „Конрад Валенрод“ е историско и патриотско дело, каде е прикажана борбата на полјаците против германската војска.

Значење и влијание

Денес по Мицкевич името го носат: Универзитетот во Познањ, како и Институтот на полската култура, кој служи за негова меѓународна промоција. Мицкјевич е опеан во песната на полскиот поет Тадеуш Ружевич, „Лут сум на таткото Адам“.[4]

Дела

Споменик на Мицкевич во Познањ.
  • „Балада и романса" (1822)
  • Поема „Гразина" (1823)
  • Циклусот на драмата „Задушница" (1823)
  • „Кримски сонети" (1826)
  • „Конрад Валенрод“ (1828)
  • „Книга за полскиот народ“ (1832)
  • Епопеја „Пан Тадеуш“ (1834)
  • Драма „Конференција од Бара“ (1836)
  • Лозанска лирика (1839-1840)
Споменик на Адам Бернард Мицкјевич, Лавов, Украина

Надворешни врски

Наводи

  1. http://www.fil.bg.ac.rs/katedre/polonistika/o_grupi.htm[мртва врска]
  2. Ileszić Fran, Adama Mickiewicza paryskie „Wykiady“ i serbskiego poety Simy Milutinovicia „Tragedja Obilić" (1827). Warszawa, 1934.
  3. Jachimecki, стр. 424
  4. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 314-317.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!