Формозански јазици или тајвански јазици — група австронезиски јазици кои се зборуваат/ле на територијата на денешен Тајван. Тие се староседелските народи на островот и во државата се признати како официјално малцинство и денес се околу 2% од вкупното население на државата.[1] Сепак, бројот на староседелци кои ги зборуваат мајчините јазици е далеку помал од бројот на вкупното староседелско население, најмногу благодарение на јазичната асимилација. Од околу 26 јазици, најмалку десет се изумрени, четири или пет се при умирање[2][3] и уште неколку од нив се сметаат за загрозени. Староседелските јазици во Тајван имаат голема важност во историската лингвистика, бидејќи Тајван се смета за место од каде потекнуваат сите австронезиски јазици.
Јазици
Во лингвистиката има спорови за тоа кој јазик се смета за посебен, а кој за дијалект од некој друг. Во прилог следува списокот на формозански јазици така како што најчесто се наведува во науката.
Живи јазици
Мртви јазици
Географска распространетост
-
Формозанските јазици
-
Формозанските јазици според Бласт (1999)
-
Формозанските јазици (Гринхил, Бласт и Греј, 2008).
Наводи
Користена литература
- Blust, Robert A. 2009. The Austronesian Languages. Canberra: Pacific Linguistics, Research School of Pacific and Asian Studies, Australian National University. ISBN 0858836025, 978-0858836020.
Поврзано
Надворешни врски