Басајски јазик — формозански јазик кој се зборувал на територијата на денешен Тајпеј во северен Тајван. Јазикот го зборувале народите Басаи, Каукаути и Тробијавани. Податоци за јазикот се црпат од белешките на Ерин Асаи од 1936 година, кои биле собрани од последните говорници на јазикот.
Дијалекти
Јазикот ги содржел следните дијалекти:
- тробијавански
- линавски
- какаутски
Користена литература
- Li, Paul Jen-kuei (1999). Some problems in the Basay language. In Zeitoun, E., & Li, P. J-K., Selected Papers From the 8th International Conference on Austronesian Linguistics. Taipei, Taiwan: Academica Sinica.
Поврзано