Финале на УЕФА Лигата на шампиони во 2015 — финалниот натпревар на УЕФА Лигата на Шампоните во сезоната 2014-15 година, односно 60-та сезона на Европскиот премиерен клупски фудбалски турнир организиран од страна на УЕФА, или 23-та сезона на УЕФА Лигата на Шампионите, бидејќи натпреварувањето било преименувано од Куп на Европски Шампиони во Лига на Шампиони. Натпреварот бил одигран Олимпискиот стадион во Берлин, Германија на 6 јуни2015 година кој завршил со победа на Барселона од Шпанија над Јувентус од Италија со 3–1.
Победникот стекнал право да се натпреварува со победникот од финалето на Лига Европа во Суперкупот на УЕФА.
Головите за Барселона ги постигнале Иван Ракитиќ, Луис Суарез и Нејмар додека за Јувентус - Алваро Мората.