Финалето на УЕФА Лигата на шампионите 1999 година било 44-то по ред финале на Лигата на шампионите и стариот Европски куп кое е одиграно на 26 мај 1999. на стадионот Камп ноу во Барселона. Учесници во финалето биле англискиот Манчестер Јунајтед и германскиот Баерн Минхен. Натпреварот остнал во сеќавање како еден од најпознатите натпревари во светскиот фудбал, најмногу поради двата гола на Манчестер Јунајтед кој дошле во судиското продолжение од мечот во кое тие направиле пресврт и од 0-1 стигнале до победа од 2-1 иако речиси цел натпревар биле во негатива.[1][2]
Победата на Јунајтед само ја дополнила нивната фантастична сезона 1998-99[3], во која веќе претходно ги имале освоено насловите во Премиер лигата[4] и ФА Купот[5]. Баерн исто така имал одлична сезона, затоа што ја освоил Бундеслигата и стигнал до финалето на германскиот куп.[6]
Манчестер Јунајтед во натпреварот настапувал во својте традиционални црвени дресови, додека Бајерн играл во гостинскиот дрес со сива боја. Судија на натпреварот бил италијанецот, Пјерлуиџи Колина кој изјавил дека ова бил еден од најневеројатните натпревари на кој тој судел во неговата кариера.
Детали од натпреварот
Наводи