Куп на шампиони 1987/88 — 33-то издание од Купот на шампионите, најсилното европско клупско фудбалско натпреварување.
Финалето било одиграно на 25 мај 1988 на стадионот Некар во Штутгарт, каде што ПСВ Ајндховен ја победил екипата на Бенфика по подоброто изведување на пенали, со тоа освојуваќи го својот прв трофеј во Купот на шампионите.
Ова било трета последователна сезона без учество на англиските клубови, поради забраната која ја добиле по Хејселската трагедија во 1985 година, така што Евертон, првакот на Англија од претходната сезона не можел да учествува.
Португалија била единствена земја со два претставници, каде што покрај Порто, освојувач на Купот од претходната сезона, се натпреварувала и Бенфика, првак на Португалија од претходната сезона.
Прво коло
1 Партизани Тирана бил дисквалификуван од натпреварувањето од страна на УЕФА поради тоа што имале четири исклучени играчи во првиот натпревар.
Осминафинале
Четвртфинале
1 ПСВ се пласирал во полуфиналето поради правилото за постигнати повеќе голови на гости.
Полуфинале
1 ПСВ се пласирал во полуфиналето поради правилото за постигнати повеќе голови на гости.
Финале